Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Од Израел вратени 60 македонски државјани, останатите се очекуваат утре

Досега се контактирани 150 наши граѓани од Израел, од кои 60 веќе стигнаа, а останатите 90 очекувам утре, во текот на денот сите да бидат вратени во Северна Македонија, информираше министерот за надворешни работи Бујар Османи, на брифинг со новинарите.


Амбасадата во Каиро, нагласи Османи, е во комуникација со еден брачен пар што се наоѓа внатре во загрозените подрачја во Газа, што е изолиран од Израел, откако не успеале да излезат пред да се затвори единствениот граничен премин со Египет,


„Тие во моментот се безбедни. Ситуацијата таму е многу променлива и тие можеме да сметаме дека се во некаков ризик. Работиме и со властите во Египет, за да ги ослободат да излезат, а потоа ќе организираме превоз од Египет. Меѓутоа, засега немаме начин како да ги извлечеме од Газа“, изјави Османи.  


 




Дел од граѓаните кои беа затекнати во загрозените подрачја во регионот на Газа, ноќеска со авион пристигнале во Атина и веќе се на пат кон својот дом. Во Атина, Османи посочи дека тие биле пречекани од нашата амбасада, од каде со автобус се префрлени до граница, од каде МНР ги презема со возила и ги носи до нивните домови.


Дел од граѓаните се вратиле преку Јордан, Албанија, Турција, Црна Гора и Србија. Тој додаде дека имало и случаи на контактирани граѓани кои одбиле да заминат, но без да ја посочи нивната бројка.


Шефот на дипломатијата најави дека се прават напори од Владата за организирање лет со кој би се вратиле преостанатите македонски државјани од Израел, за што најави дека ќе информираат денеска попладне. Прашан за коментар за информациите од Еврејската заедница во земјава, за наводно загинати тројца македонски државјани во Израел, Османи рече дека, немаат такви информации. 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *