Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Амбасадорот на САД во Србија: Белград и Приштина ќе мора да постигнат политичко решение

Амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил, на 12 октомври изјави дека Србија и Косово на крајот ќе треба да дојдат до политичко решение, за кого и да биде утврдено дека е одговорен за настаните во Бањска на северот на Косово.


„Сега имаме проблем што мора да се реши. Кој и да е одговорен за тоа, ќе мора да имаме политичко решение, ќе треба да седнеме и да сфатиме што е фер“, рече Хил, говорејќи на белградската безбедносна конференција (BSC).


Тој изјави дека ова решение подразбира „некаков статус“ за Србите на Косово, а од друга страна „поголема интернационализација“ за Косово.


Хил рече дека „би сакал Србија да разбере и признае дека Косово е независна држава“, но наведе дека проблемот е „покомплексен од тоа“.


„Треба да ги охрабриме двете страни да се слушаат една со друга“, рече Хил.




Тој додаде дека првиот чекор во решавањето на актуелната криза е разбирање на она што се случило.


„Прво, треба да разбереме што се случи и да ги повикаме одговорните, а потоа да се погрижиме тоа да не се повтори“, рече Хил.


Во нападот на косовската полиција на 24 септември во градот Бањска на северот на Косово, загина полицаецот Африм Буњаку, а неколку други беа повредени. Во нападот на полицијата убиени се тројца напаѓачи, а во месноста Бањска е пронајден голем арсенал оружје.


Владата на Косово ја обвинува Србија за овој инцидент, додека официјален Белград негира вмешаност.




Одговорноста за организацијата на таа група јавно ја презеде Милан Радоичиќ, тогашен потпретседател на партијата на косовските Срби, Српска листа, која има поддршка од официјален Белград и од владејачката Српска напредна партија (СНС), чиј претседател беше Вучиќ до неодамна.


Радоичиќ потоа поднесе оставка од партиската функција.


Косовските власти за овој инцидент ја обвинуваат Србија, а Белград негира. Институциите на Косово и Србија спроведуваат одвоени истраги.


Европската унија и западните земји остро го осудија нападот врз косовската полиција во Бањска и побараа напаѓачите да бидат пронајдени и изведени пред лицето на правдата.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.


Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *