Македонските граѓани во Либан да ја напуштат државата
„Во тој контекст можеби денеска ќе пуштиме соопштение да ги повикаме нашите граѓани во Либан да ја напуштат државата поради непредвидливата ситуација таму“, рече Османи.
Според него, граѓаните таму особено треба да бидат внимателни поради фактот што со Либан немаме ниту дипломатски односи, а немаме ниту амбасада.
„Сакаме однапред да испратиме покана до сите наши граѓани што се во Либан или, пак, планираат да патуваат во Либан, тоа да го одложат“, а тие што се таму да ја напуштат државата“, апелира шефпт на македонската дипломатија.
Во врска со извлекувањето на брачниот пар од Газа, Османи појасни дека станува збор за брачен пар, локални жители на Газа, но кои имаат и државјанство на Северна Македонија.
„Во рамките на овие напори да се овозможи граничен премин од Газа во Египет. Во комуникација сме и со луѓето и со МНР на Египет“, истакна Османи.
Во петокот на 13 октомври, македонски државјани кои беа евакуирани од Израел слетаа на Меѓународниот аеродром во Скопје со бесплатен авионски превоз.