Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Застаре предметот „Таргет-Тврдина“ за прислушувањето, трошоци и отштета ќе плаќа државата

Судот на денешното рочиште донесе решение да запре кривичната постапка за предметот „Таргет-Тврдина", кој се однесува на масовното прислушување во државата, затоа што ова дело застарува со измените на Кривичниот законик од 7 септември 2023 година.


Со тоа, запира кривичната постапка за обвинетите Сашо Мијалков, Горан Груевски, Надица Николиќ, Владимир Варелов, Маријан Шумуликоски и Васил Исаковски за делата „злосторничко здружување“ и „злоупотреба на службена положба и овластување, појасни денеска јавната обвинителка за случајот, Ленче Ристовска.


„Како и во другите два претходни случаи на прислушување и во овој, за жал нема да имаме кривично правна разрешница и повторно нема да има одговорност за незаконското прислушување во државата. Имаме комплетна застареност, што е директна последица на измените на Кривичниот законик“, изјави Ристовска.




„Таргет-Тврдина“ е предмет за нелегалното прислушување и уништување на опремата за таа намена.


Во моментов уште не е застарен делот од предметот којшто се однесува на уништување на опремата за прислушување.


„Обвинети за овој дел од оние кои се во судница се Гордана Јанкулоска, Тони Јакимовски, а во бегство се Никола Бошковски и Горан Груевски и имаме за фалсификување на исправа уште една обвинета, тоа е Валентина Симоновска. Овде се уште не е застапена застареноста, но секако измените од КЗ ќе имаат импликации, бидејќи рокот е скратен и консеквентно и за тоа се заканува можност од застарување и на овој дел“, појасни Ристовска.


 




Прашана за тоа кој ќе ги плаќа штетите за прислушувањето со ваква правна завршница на предметот, Ристовска вели дека трошоците за кривичната постапка паѓаат на товар на Буџетот.



„Трошоците за кривичната постапка, што би рекла, трошоците што ги имале обвинетите за нивните адвокати, трошоците што настанале по повод вештачењето итн., сето тоа паѓа на товар на Буџетот и она што е најважно и лицата кои биле оштетени од незаконското прислушување и трошоците за нивно обесштетување повторно паѓаат на товар на државата“, посочи Ристовска.



Според неа, воопшто не се занемарливи финансиските импликации што ќе ги предизвика овој предмет врз Буџетот на државата. Тие ги вклучуваат сите надоместоци што треба да им бидат обезбедени на лицата кои биле незаконски прислушувани за повреда на правата.


„Впрочем, нивните права биле повредени со незаконското прислушување и сега државата по принципот на објективна одговорност е таа која што треба да ги обесштети овие лица, односно товарот да падне на буџетот на државата и нема да има како државата потоа да биде обесштетена од лицата коишто навистина се одговорни директно за прекршување на правата на граѓаните“, рече Ристовска.


Таа додаде дека како општество, допрва ќе ги почувствуваме последиците што ќе ги предизвикаат овие измени на Кривичниот законик.




Во првичната пресуда за нелегалното масовно прислушување, обвинетите добија затворска казна вкупно од 55 години од кои 12 години за поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“.Според првичниот обвинителен акт, преку три системи за следење на комуникациите во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4. 286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Прислушувањето директно и индиректно опфатило околу 20 илјади граѓани.



Судскиот процес од првичната постапка започна на 22 декември во 2017 година против 11 лица. Беа одржани 53 рочишта, на кои се сослушаа 123 сведоци, изведени 887 материјални докази и пет вештачења. Сослушани беа и над 200 оштетени лица.



„Таргет-Тврдина“ е главен предмет од аферата за масовното прислушување. За овој предмет ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, беше осуден на 12 години затвор. Покрај него, на затворска казна од четири години беше осудена поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Највисоки казни од по 15 години затвор добија двајцата контраразузнавачи од т.н. Петта управа на тогашната УБК, Никола Бошковски и Горан Грујовски кои се во бегство. Во случајот беа обвинети вкупно 11 лица.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.


Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *