Хамас нуди ослободување на заложници во замена за прекин на огнот
Израел се уште не се согласил на тоа. Хамас не ги држи сите заложници. Некои ги држат други вооружени милитантни групи.
Нивното заробеништво во Газа им отежнува на израелските команданти кои планираат копнена инвазија.
Инаку денеска, израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија нови информации за 200-те заложници кои моментално се држат во Појасот Газа.
„Повеќе од 20 од нив се деца помлади од 18 години. Помеѓу 10 и 20 од нив се постари од 60 години. Повеќето од заложниците се живи“, се вели во извештајот.
Во соопштението на ИДФ се наведува и дека мртвите тела биле „однесени како заложници“ во Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври.