Деновиве сончево и топло време, врнежи се очекуваат од среда
Сончево и топло време со мала до умерена облачност, најавува за денеска (22 октомври) Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Ќе дува и умерен ветер од јужен правец, а дневната температура ќе се движи во интервал од 18 до 28 степени.
Според прогнозите, релативно топлото време ќе се задржи и во следните денови.
Промени се очекуваат во среда за кога се најавува повремен локален дожд, додека во четврток се очекува пороен дожд со грмежи.