Тројца мигранти загинале во престрелка кај српско-унгарската граница
Едно лице е повредено и во моментов му е укажана помош.
„Рано утрово во полиција било пријавено пукање на периферијата. По пријавата, полицијата излегла на терен и пронашла три мртви и едно рането лице“, соопштија за РСЕ.
Престрелката се случила во напуштените објекти на поранешниот земјоделски имот „Бачка“, но деталите сѐ уште не се познати.
Истрагата е во тек, а полицијата сѐ уште е на терен.
Србија е земја на таканаречената „балканска рута“. Луѓето во движење, бегајќи од војна и сиромаштија, минуваат низ него во обид да стигнат до земјите на ЕУ.