Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Папата Франциск нареди повторно да се отвори „случајот Рупник“

Папата Франциск денеска (27 октомври) нареди повторно да се отвори истрага за језуитскиот свештеник Марко Иван Рупник, обвинет за сексуално, психичко и духовно злоставување жени, соопшти Ватикан.


Соопштението претставува голем пресврт за Светата Столица и дојде по негодувањето од жртвите и нивните правни застапници поради постапувањето во случајот.


Во соопштението од Ватикан се наведува дека комисијата за превенција од злоставување воочила „сериозни проблеми“ во начинот на кој бил воден тој случај, посебно во „недостаток на контакт со жртвите“.


Оваа терминологија е значајна бидејќи црквените власти претходно одбиваа да ги наречат „жртви“ жените кои го обвинуваа Рупник.




Папата побара од службата за доктрина на верата „повторно да го разгледа случајот и да го укине застарувањето за да се овозможи процесот“, пишува во соопштението од Ватикан.


Ватикан го екскомуницираше словенечкиот свештеник Рупник во мај 2020 година поради наводи за можно злоставување жени. Језуитскиот ред го исфрли Рупник од своите редови летово, откако неколку возрасни жени го обвинија свештеникот за сексуално, психичко и духовно злоставување.


Откако спроведоа сопствена истрага, језуитите кажаа дека сметаат оти тврдењата на жените се „многу веродостојни“. Но, наведоа дека канонските прописи на Ватикан, кои биле на сила во време на наводното злоставување, спречуваат поостри казни за стари случаи кои вклучуваат злоставување на возрасни лица.




Рупник во Католичката црква е добро познат по својата уметничка работа. Меѓу останатите работи, раководел со обновата на капелата на ватиканската Апостолска палата во времето на понтификтот Иван Павле Втори во 1999 година.



Во декември 2022 година, поранешна чесна сестра во интервју за италијанскиот весник „Домани“ ги опиша начините на кои, како што рече, Рупник користел „психо-духовна контрола“ над неа за да ја примори на сексуални односи. Таа посочи дека Рупник злоставувал околу 20 нејзини колешки и наведе дека нејзините укажувања се игнорирани.



 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.


Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *