Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Фон Дер Лајен во Белград: Спроведувањето на Охридскиот договор е де факто признавање на Косово

Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен, за време на својата посета во Белград, изјави дека Србија мора да започне со имплементација на актуелните договори од дијалогот со Косово и да „не губи време со тоа“.


На прашањето што значи де факто признавање на Косово од страна на Србија, за што еден ден порано таа зборуваше во Приштина, Лајен речи дека се работи за спроведување на Охридскиот договор.


Овој договор во март во Охрид, во Северна Македонија, го постигнаа претседателот на Србија Александар Вучиќ, како и косовскиот премиер Албин Курти со посредство на ЕУ.


Станува збор за Анекс за спроведување на европскиот предлог за нормализација на односите меѓу Србија и Косово, кој во февруари беше усогласен во Брисел.




Лајен објасни дека Охридскиот договор предвидува различни чекори, кои вклучуваат, на пример, и признавање на косовските документи и институции од страна на Србија.


„Тоа ќе го утврди патот кон нормализација на односите меѓу Србија и Косово. Тоа е неопходен предуслов за европскиот пат“, порача таа.


На заедничката прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ, Лајен изјави дека е важно Србија да го поддржи статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство, а Косово да го спроведе тој статут.


Таа рече дека е неопходна нормализација на односите меѓу Србија и Косово, потсетувајќи на нападот во село Бањска. 


„Насилниот напад на 24 септември на северот на Косово е целосно неприфатлив, сторителите мора да бидат изведени пред лицето на правдата и да сносат одговорност. Од клучно значење е двете страни да се ангажираат и да го следат патот на нормализацијата“, рече таа.




Во селото Бањска на северот на Косово, на 24 септември вооружена група Срби ја нападна косовската полиција, при што уби еден полицаец. За време на конфликтот загинаа и тројца српски напаѓачи, а поранешниот потпретседател на партијата „Српска Листа“, Милан Радоичиќ, ја презеде одговорноста за нападот. 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.


Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *