Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Нобеловката Мохамади штрајкува со глад во затвор во Иран

Добитничката на Нобеловата награда за мир Наргес Мохамади започна штрајк со глад на 6 ноември, откако на неа и на другите затворенички, наводно, им била одбиена медицинска помош, но и во знак на протест против задолжителниот хиџаб за жените во Иран, соопшти организацијата која се залага за правата на оваа активистка.


Од организацијата која ја води кампањата „Ослободете ја Наргес Мохамади“ соопштија дека Мохамади испратила порака од затворот Евин и „го информирала нејзиното семејство дека започнала со штрајк со глад пред неколку часа“.


Во пораката се вели дека Мохамади и нејзиниот адвокат со недели барале нејзино префрлање во специјализирана болница за срце и бели дробови.


Иранската мисија во Обединетите Нации не одговори веднаш на барањето на АП за коментар. Во меѓувреме, агенциите јавуваат дека на друга затворена активистка, адвокатката Насрин Сотуда и треба медицинска помош, која допрва треба да ја добие.


Таа беше уапсена додека присуствуваше на погребот на тинејџерката која почина под контроверзни околности во метрото во Техеран кадешто не носеше хиџаб.


 




Глобално позната како застапник на движењето „Жени, живот, слобода“, Мохамади ја доби Нобеловата награда за мир на 6 октомври. Таа со години зборуваше против задолжителното правило за хиџаб наметнато на жените во Иран, како и ограничувањата на слободите и правата на жените кои ги спроведуваат исламските лидери во земјата.


Одлуката на Нобеловиот комитет да ја додели наградата за мир на Наргес Мохамади дојде по повеќе од една година протести предводени од жените.


Демонстрациите започнаа во септември минатата година, по смртта на 22-годишната Махса Амини во притвор на озлогласената иранска полиција за морал.


Мохамади, чие семејство избега во Франција, беше апсена 13 пати, пет пати осудена на вкупно 31 година затвор и 154 удари со камшик за нејзината работа во кампања за слобода на изразување и правата на жените. Таа продолжи со својот активизам и покрај бројните апсења од иранските власти и годините зад решетки.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *