Македонските фудбалери одиграа нерешено против Англија
Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено (1:1) во натпреварот против Англија, што вечерва (20 ноември) се одигра на националната арена „Тоше Проевски“ во Скопје.
Македонските фудбалери поведоа во 41. минута со гол на Енис Барди. По одбранетиот пенал од голманот на Англичаните Џордан Пикфорд, одбиената топка се врати кон Барди и тој ја смести во противничката мрежа.
Резултатот се изедначи во 59. минута кога Јани Атанасов си постигна автогол по корнерот што го изведоа гостите.
Натпреварот во Скопје беше во рамки на последното коло од Ц-групата во квалификациите за Европското првенство 2024, што следното лето треба да се одржи во Германија.
На трибините на националната арена имаше 27 илјади гледачи, од нив 2-2,5 илјади Англичани.
Натпреварот немаше резултатско значење. Македонските фудбалери квалификациите ги завршија на четвртото место го групата додека Англичаните на прво со што обезбедија учество на европскиот шампионат.
За македонскиот национален тим ова беше трето реми во шестиот меѓусебен дуел со фаворитот Англија, а прв нерешен резултат на домашен терен.