Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Бектеши: Струјата нема да поскапи по први јануари

Струјата нема да поскапи, ниту по 1 јануари, изјави министерот за економија Крешник Бектеши. Според него, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе може да интервенира во цената, ако се утврди дека пресметките не се направени како што треба.


Бектеши информира дека постапката за избор е почната и кон почетокот на наредната година ќе има нов универзален снабдувач.


„Никако нема да има повисока цена на струјата, имајќи предевид дека тоа е предвидено со Законот за енергетика. РКЕ согласно законското решение има обврска да направи надзор и да утврди дали се пресметките направени како што треба“, категоричен е министерот.


Бектеши објаснува дека со последните измени на Законот за енергетика е воведен универзален снабдувач на кој рокот му истекува наредната година, а постапката за избор на нов е почната. Министерот очекува на новиот распишан тендер за избор на универзален снабдувач со електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи да се избере конкурент со помала профитна маржа. На тој начин би можела да се намали цената на струјата на регулираниот пазар. 


 




Актуелен универзален снабдувач е ЕВН Хоме, а наскоро ќе има нов повик за следните пет години.


„Кон почетокот на наредната година ќе имаме нов универзален снабдувач, се надеваме ќе бидат со пониски маржи согласно конкуренцијата што ја имаме. Истиот тарифен систем ќе биде од 1 јануари, а надзор прави РКЕ. Согласно став 5 од членот 10 ќе има право РКЕ да интервенира во цената, ако се утврди дека пресметките не се направени како што треба. Кога зборувваме за монопол, ние сами сме одлучиле да имаме регулирана цена во делот на електричната енергија со цел да ги заштитиме домаќинствата и малите потрошувачи. Спротивното ќе беше да одиме на берза и да имаме пазарни цени кои моментно се двојно повисоки од цената што ја нуди ЕСМ“, истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања.


Како што изјави Бектеши, во моментот се прават анализи од РКЕ и надлежните институции, во делот на блоковите, се со цел како што рече, да се заштитат ранливите категории граѓани.


Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски соопшти дека цената на струјата во Северна Македонија ќе ја одредува австриската компанија ЕВН Хоум, наместо како досега Регулаторната комисија за енергетика. Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум ќе ја објави цената на струјата за малите потрошувачи и за граѓаните, а РКЕ само ќе проверува дали правилно се применети тарифните системи.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *