Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Шаќири: Доставени се ракописи за учебниците по историја за петто и шесто одделение

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, денеска изјави дека ракописите за учебниците по историја за петто и шесто одделение се веќе доставени до Министерството.


„Според информациите што ги добивам од Педагошката служба, учебниците, односно ракописите се добри и квалитетни и очекуваме рецензии“, истакна Шаќири, повикувајќи ги професорите кои имаат забелешки за учебниците по историја, општество или за спојувањето на предметите да се вклучат во изработката на рецензијата на тие учебници.




Министерот, за време на денешната посета на градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, нагласи дека по добивањето на рецензиите, се надева дека во рок од 30 дена ќе заврши целата постапка и изработените учебници ќе бидат кај учениците.


 „Ме радува и фактот дека кога дискутираме за одредени учебници, професорите кои имаат забелешки имаа подготвителни материјали кои веќе се објавени. Тие што имаат дискусија за програмата на тие предмети, нека направат споредба на подготвителните материјали за темите кои се учат во тој предмет, за да се вклучат во процесот, а исто така учениците моментално имаат подготвителни материјали кои се подготвени од страната на Бирото за развој и се според учебната програма“, истакна тој.




Иако министерот за образование Јетон Шаќири на почетокот на школската година уверуваше дека до крајот на септември сите ученици ќе добијат учебници, тоа сепак не се случи, односно шестоодделенците не добија учебници. На 2 октомври, тој во изјава за медиумите рече дека почнала доставата на учебници за шесто и дека тие до крајот на оваа недела ќе имаат учебници.


Без сите учебници школската година почна и за третоодделенците. На нив книгите им беа доставени во текот на септември.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.


Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *