Антикорупциска - Секоја институција да замете во својот двор
За 56 раководни и службени лица во македонските институции антикорупционерите во нивниот мандат побарале одговорност односно разрешување, а за 59 покренале иницијатива за кривично гонење. Но, надлежните не презеле мерки. Неказнивоста и недостаток на интегритет се дел од проблемите со кои се соочиле антикорупционерите чии мандат истекува во февруари.