„Најди ме“, а не злоупотребувај ме!
„Најди ме – Систем за рано предупредување за исчезнати деца“ итно ги алармира граѓаните со цел ако имаат некакви информации за официјално потврдено исчезнување лица, но некои го злоупотребуваат. На пример, свекрвата ја пријавила снаата за исчезната, а таа всушност се скарала со сопругот и заминала кај нејзината мајка. Во ова издание на „Зошто“ разговараме за таканаречениот Амберт алерт со Наташа Доковска, новинарка и Програмски директор на невладината организација „Новинари за човекови права“.