Основци од Скопје - новинари на Инстаграм
![Основци од Скопје - новинари на Инстаграм](https://gdb.rferl.org/01000000-0aff-0242-57d3-08dc642b8a6f_tv_w800_h450.jpg)
Група ученици од осмо и деветто одделение во основното училиште „Александар Македонски“ во Скопје, речиси половина година се дел од медиумскиот клуб „Млади креативци“. Клубот е формиран како дел од проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“, а функционира во рамки на новинарската секција во училиштето. Како медиум за новинарски израз ја избрале социјалната мрежа Инстаграм. Таму, објавуваат видеа на теми кои сметаат дека им се важни и интересни на врсниците.