Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Почна изградбата на автопатот од 18 километри меѓу Тетово и Гостивар

Делницата Тетово – Гостивар, на која денеска беше поставен камен – темелник ќе биде долга речиси 18 километри и ќе чини 90 милиони евра. Прoeктот предвидува шест сообраќајни ленти, три во секој правец, односно две возни ленти и една за застанување. Властите и компанијата Бехтел – Енка која го гради и овој автопат очекуваат изградбата да трае околу две години, а кога ќе биде завршен, патот Тетово-Гостивар-Кичево-Охридда може да се вози за час и половина.

На денешното поставување на камен-темелникот присуствуваа премиерот Христина Мицкоски, вицепремиерите Александар Николоски и Изет Меџити, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, како и американската амбасадорка Анџела Агелер и претставник на компанијата „Бехтел и Енка“ и одговорен за проектот, Џош Бејкер.

Со автопатот, рече Мицкоски, земјата ќе има подобра поврзаност со Јадранското и Јонското Море, што е значајна алка за НАТО.

„Денеска се испраќа најсилниот одговор на сите скептици и на сите што со години зборуваа, а ништо не направија“, рече премиерот Мицкоски.

Договорот со конзорциумот Бехтел и Енка за изградба на неколку автопати од коридорите 8 и 10 го склучи претходната влада на СДСМ, иако за време на нивното владеење не почна изградбата на ниту еден километар главно заради проблеми со експропирацијата, а сега го продолжува Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Вицепремиерот Изет Меџити даде, како што рече просто ветување, дека „Владата ќе биде мерена по завршени километри, а не по потрошени зборови“.

Бехтел и Енка се уште имаат проблеми со ангажирање на работници.

„Нашето семејство на проектот сега брои персонал од околу 1 700 лица, а 52 проценти се од околните села и градови. Планираме летово да го достигнеме врвот од 2 600 лица. Го покануваме персоналот од сите профили да аплицира за работа кај нас. ‘Бехтел и Енка’ бара различни профили вклучувајќи и камионџии, управувачи на машини, армирачи, градежни инженери, референти за односи со заедницата“, рече Бејкер.

Тој додаде дека во моментот имаат ангажирано 100 подизведувачи.

Оваа патна делница е дел од договорот со американско-турскиот конзорциум „бехтел и Енка“ што беше потпишан пред две години и за кој беше донесен посебен закон.

По настанот со реакција се јави опозициската СДСМ, кој во партиското соопштение рече дека денешниот камен-темелник„ уште еднаш ја разоткрива целата хипокризија, дволичност и лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ“.

„Токму проектот со ‘Бехтел и Енка’ што тие со месеци го оцрнуваа, го блокираа и го нарекуваа „историски криминал“, денес со гордост го промовираат. Ако е ‘историски криминал’ дали тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ влегува во криминал? СДСМ инвестираше, градеше, ВМРО-ДПМНЕ кочеше. Но вистината секогаш излегува на виделина“, стои во соопштението.

Американско - турскиот конзорциум Бехтел- Енка и државата во март 2023 склучија договор за изградба на на четири автопатски делници (Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани, Требеништа-Ќафасан и Прилеп-Битола). Поради горкото искуство со градбата на претходните автопати, тогашната влада одлучи новите патишта да се градат по принципот „клуч на рака“. Односно Бехтел и Енка да изготват физибилити студија, ќе проектираат и целосно ќе го изведат проектот. За таа цел беа сменети и неколку закони, меѓу кои и тој за експропријација, па постапката беше забрзана. Бехтел и Енка нема да мора да чекаат правосилност на одлуката за експропријација, туку може да располагаат со имотот штом одлуката за експропријација стане конечна.

За експропријација на приватниот имот државата треба да потроши 300 милиони евра. Според најавите на функционерите од пред една година, дополнителни 1,3 милијарди евра ќе бидат потребни за да се изградат 109-те километри пат.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *