Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Дојава за бомба во Собранието на Република Српска пред дебатата за референдумот на „Додик“

Народното собрание на Република Српска денеска(22 август) треба да расправа за предлогот за распишување референдум во врска со одлуките на Државниот суд и Централната изборна комисија против поранешниот претседател на овој ентитет, Милорад Додик.

Откако пратениците влегоа во салата на Народното собрание на Република Српска, службите ги информираа дека е примена анонимна дојава за поставена бомба.

Сите се евакуирани од зградата, а полицијата чека контрасаботажна инспекција.

Анонимната дојава за поставена експлозивна направа во зградата на парламентот е испратена од мобилен телефон од Босна и Херцеговина и дека припадниците на полицијата интензивно ги проверуваат собраниските простории.

На 1 август, Судот на Босна и Херцеговина го осуди на една година затвор за непочитување на одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит. Тој ја откупи затворската казна за околу 18 000 евра, но му беше забрането да работи во институции шест години.

Додик поднесе жалба до Уставниот суд на Босна и Херцеговина, додека јавно тврди дека не ги признава ниту Судот на Босна и Херцеговина, ниту Уставниот суд, ниту Шмит, ниту нивните одлуки, како и одлуката на ЦИК на Босна и Херцеговина.

Денот пред седницата, Додик го повика високиот претставник да ги повлече измените во Кривичниот законик на Босна и Херцеговина што доведоа до пресудата на Додик, предлагајќи Народното собрание, да повлече дел од законот што претходно го усвои.

Шмит, користејќи ги таканаречените Бонски овластувања, кои му дозволуваат да наметнува закони и да разрешува функционери, во последните години поништи голем број закони донесени од Народното собрание на РС, во кое партијата на Додик има мнозинство, и забрани финансирање на Сојузот на независни социјалдемократи на Додик од буџетот, како и на владејачката Обединета Српска.

Државниот Уставен суд на Босна и Херцеговина, исто така, поништи бројни закони, пред сè оние поврзани со располагањето со државен имот.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *