Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer
Август
2025

Новости за 22.08.2025

SlobodnaEvropa.mk 

Собранието на РС донесе неуставна одлука за референдумот, пресудата и одземањето на мандатот на Додик

Народното собрание на Република Српска доцна вечерва (22 август) донесе неуставна одлука за одржување референдум на кој граѓаните на тој ентитет треба да го искажат своето мислење за пресудата на Судот на Босна и Херцеговина против Милорад Додик и одлуката на Централната изборна комисија (ЦИК) на БиХ со која му беше одземен мандатот како претседател на Република Срска (РС). Референдумот ќе се одржи, како што е усвоено, на 25 октомври оваа година. Одлуката за референдумот не е во согласност со Уставот на Босна и Херцеговина... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на Федералните резерви навести намалени каматни стапки и предупреди на ризици

Претседателот на американските Федерални резерви (ФЕД), Џером Пауел, денеска (22 август) сигнализираше за можно намалување на каматната стапка, но не даде временска рамка за овој потег, сугерирајќи дека централната банка ќе продолжи претпазливо додека продолжува да го проценува влијанието на царините и другите мерки врз економијата. Во говорот кој беше внимателно следен од Белата куќа и на Волстрит, Пауел рече дека постојат ризици и од зголемената невработеност и од зголемената инфлација, јави АП. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Газа официјално гладува, вели глобален монитор за глад

Газа и околните области официјално страдаат од глад и ова веројатно ќе се прошири, утврди денеска (22 август) глобален мониторинг за глад - проценка што ќе го ескалира притисокот врз Израел да дозволи повеќе помош на палестинската територија, пренесе Ројтерс. Интегрираната класификација на фази на безбедност на храната (IPC) - глобална иницијатива на агенциите на Обединетите нации што работи на идентификување на состојбите со глад соопшти дека 514.000 луѓе, или близу една четвртина од Палестинците во Газа... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

За 8,4 проценти скок на просечната јунска плата во однос на ланската, најмногу во образование и здравство

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава е 45 468 денари. Ова е за 8.4 проценти повеќе во однос на јуни 2024, објави денеска (22 август) Државниот завод за статистика (ДЗС). Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 14.7 проценти, Дејности на здравствена и социјална заштита за 12.7 проценти и Рударство и вадење камен за 12.2 проценти. Инаку, Владата и Самостојниот синдикат за образование... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Вучиќ ги пoвика претставниците на демонстрантите на јавна дебата, тие одбија додека не се распишат избори

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска (22 август) ги покани претставниците на демонстрантите на јавна дебата. Како што објави на Инстаграм, тој понуди разговор пред телевизиските камери и на сите портали. „Ги поканувам претставниците на движењето за блокада да разговараме за визиите, плановите и програмите за иднината и заедно да го осудиме насилството на нашите улици“, рече Вучиќ во видео објава. Протестите во Србија траат повеќе од девет месеци, првенствено со барање да се утврди одговорност... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Хидросистемот Ѓавато ќе биде целосно саниран, вети премиерот Мицкоски

Пристапуваме кон системско санирање на хидросистемот Ѓавато и тој во најскоро време ќе биде целосно оперативен и функционален, најави премиерот Христијан Мицкоски по денешниот увид во градежните активности за санација на хидросистемот во Дојран. Мицкоски рече дека биле детектирани места каде што има пукнати цевки кои треба да ја донесат водата до базенот од каде со други пумпи водата ќе биде однесена во Дојранското Езеро и потсети дека три, четири години хидросистемот функционирал со расипан цевковод. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Кац: Градот Газа може да биде уништен ако Хамас не се согласи со нашите услови

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека градот Газа може да биде уништен ако Хамас не се согласи да се разоружа и да ги ослободи сите заложници. Изјавата на Кац дојде откако израелскиот кабинет одобри планови за голем напад врз Газа и покрај широкото меѓународно и домашно противење. Во понеделник, палестинското движење Хамас, кое САД и ЕУ го сметаат за терористичко, прифати предлог од катарските и египетските медијатори за 60-дневен прекин на огнот, кој, според Катар, би вклучувал... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Граѓаните дискутираат за скопскиот ГУП - транспарентност или лажна надеж

Град Скопје ги повика граѓаните на јавна дискусија за новиот ГУП на градот. Малку граѓани учествуваат, а меѓу оние кои доаѓаат има и надеж дека може да биде подобро, но и скептици дека може тие да влијаат. Според архитектот Марко Пановски вака се дава лажна надеж дека идеите на граѓаните ќе бидат имплементирани.

SlobodnaEvropa.mk 

Дојава за бомба во Собранието на Република Српска пред дебатата за референдумот на „Додик“

Народното собрание на Република Српска денеска(22 август) треба да расправа за предлогот за распишување референдум во врска со одлуките на Државниот суд и Централната изборна комисија против поранешниот претседател на овој ентитет, Милорад Додик. Откако пратениците влегоа во салата на Народното собрание на Република Српска, службите ги информираа дека е примена анонимна дојава за поставена бомба. Сите се евакуирани од зградата, а полицијата чека контрасаботажна инспекција. Анонимната дојава за поставена... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

„Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „4iG“, единствен понудувач на тендерот за трет мобилен оператор

„Оне Македонија телекомуникации“, фирма на унгарската „Фор-ај-џи“(4iG), е единствената компанија која доставила понуда на тендерот на Агенцијата за електронски комуникации за доделување одобренија за нов мрежен оператор. Комисијата за спроведување на тендерот со јавно наддавање денеска на отворањето на понудите во АЕК констатираше дека понудувачот ги доставил сите потребни документи. „Постапката ќе продолжи согласно законот. Следува евалуација на документацијата, по што ќе се изготви извештај“ – изјави Игор Бојаџиев, претседател на Комисијата. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Непотизмот и „врските“ ја празнат државата, а младите сѐ поевроскептични

Речиси половина од младите во Северна Македонија, која според Евростат е на трето место по иселување во Европа, позитивно гледаат на Европската Унија, но 46 отсто не веруваат дека земјата ќе стане дел од неа, покажува новото истражување. Властите промовираат реформи, а бранот на емиграции не запира

SlobodnaEvropa.mk 

Српската листа ја нарече „нелегална“ одлуката на ЦИК да не ја сертификува на изборите

Српската листа ја оцени како „нелегална и дискриминаторска“ одлуката на Централната изборна комисија (ЦИК) да не ја сертификува оваа најголема партија на косовските Срби, која ја ужива поддршката на Белград, за октомвриските избори во Косово. Претседателот на Српската листа, Златан Елек, на прес-конференција на 22 август изјави дека иако Канцеларијата за политички партии препорачала сертифицирање, ЦИК одлучила да ја отфрли таа препорака. „Јасно е дека Албин Курти, (вршител на должноста премиер) и неговиот член во ЦИК... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Дождот го изгасна пожарот во Јасен

Дождот што заврна врнеше нешто повеќе од два часа на подрачјето на ловиштето „Јасен“, помогна пожарот да биде изгаснат, соопштија денеска од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). „Но и покрај поголемата количина на заврнат дожд, на некои места од пожарната линија сè уште може да се забележи чадење, поради што по кревањето на маглата и чадот, ќе продолжиме со пешадиско дејствување врз жешките точки што покажуваат знаци на горење. Овој терен ќе биде пребаран и со дронови со термални камери. Екипи... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

САД ги проверуваат визите на повеќе од 55 милиони странски државјани

Американската администрација на 22 август објави дека проверува повеќе од 55 милиони луѓе со важечки американски визи за какви било прекршувања што би можеле да доведат до депортација. Ова е дел од сè построгата акција против странците на кои им е дозволено да останат во САД. Во писмен одговор на прашање од АП, Стејт департментот рече дека сите носители на визи, вклучително и странските туристи, се предмет на постојан преглед за да се утврди дали не се „подобни“ за влез или престој во Соединетите Држави. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Пендреците по новинарите во Србија без судски епилог

Удари со палки, штитови, раце, лакти, туркање, шлаканици, прскање со хемиски средства, пцуење и закани доживеале новинарите и фоторепортерите од полицијата кои известуваат од граѓанските протести во изминатите месеци, покажуваат податоците од Независното здружение на новинари на Србија (НУНС). И покрај пријавите до властите, обвинителството и полицијата, засега не е познато дали некој од случаите на употреба на полициска сила против новинари е гонет. Новинарката Леа Апро, која беше нападната од полицијата на 20 август во Нови Сад... Читать дальше...




Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *