Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Контролорите на летање нема да штрајкуваат на 20 октомври

Авиосообраќајотјот во државава нема да биде прекинат на 20 октомври. Струковиот Синдикат на Контролири на Летање на Македонија (ССКЛМ) најавува дека ќе ја почитува вчерашната одлука на Граѓанскиот суд со времена мерка за забрана на штрајкот, што овој Синдикат требаше да го реализира в понеделник од 10 до 15 часот, со запирање на сите полетувања и слетувања на Скопскиот и Охридскиот аеродорм и со намалено опслужување за 50 проценти на прелетите.

Од синдикатот велат дела ќе ја обжалат одлуката и ќе побараат предметот повторно да биде вратен на рочиште за да ја изложат својата одбрана.

„Ќе го ставиме штрајкот во мирување, но нема да се откажеме и ќе продолжиме со други активности, но ќе најдеме начин повторно да направиме се што е потребно за да ги оствариме нашите барања“, рече денеска на прес-конференција претседателот на ССКЛ Александар Тасевски.

Граѓанскиот суд на 16 октомври донесе решение со кое, како што беше соопштено, се усвојува предлогот на М-НАВ АД Скопје за изрекување на привремена мерка- забрана на најавениот штрајк од страна на ССКЛ. Со оваа Одлука, соопшти М-НАВ, Судот утврди дека најавениот штрајк е спротивен на законските одредби, бидејќи не била спроведена постапката за мирно решавање на колективните спорови, како и дека штрајкот не произлегува од конкретни барања од работен однос.

Рочиштето првично беше најавено дека ќе се одржи денеска (17 октомври), а Тасевски вели дека немале никакво известување дека има постапка против Сидникатот за запирање на штрајкот. Доколку имало рочиште рече дека ќе ги изложеле сите докази со кои уверува дека ќе го оспорат тужбеното барање.

Тој оцени дека хакерскот напад од пред еден месец во М-НАВ е поради „квалитетот на сите кадри што ги вработија во компанијата сите овие години“.

ССКЛ бара почитување на Спогодбата потпишана по најавата за штрајк во 2023 година и состанокот во Министерството за транспорт од 12 октомври. Клучни барања на ССКЛ се ангажирање консултантска фирма којашто професионално ќе изврши функционална анализа за подобрување на функционирањето на претпријатието, вработување на стручни, а не, како што тврдат, партиски кадри на конкурсите за кои бараа поништување, како и подобри услови за работа.

Во меѓувреме ССКЛ во неколку наврати за истите барања најавуваше штрајк и го ставаше во мирување, а последната таква одлука беше донесена на 3 октомври.

По една најавите за штрајк, во јули годинава, раководството на М-НАВ, преку соопштение објави дека презема чекори за доекипирање со кадри, имплементација на нови технологии, замена на старата опрема и реорганизација. Оттаму наведоа и дека со планираните огласи за вработување, ќе се вработат лица, како замена на колеги кои се веќе заминати во пензија или ќе го остварат своето пензионерско право во текот на наредните неколу месеци, генерациски смени и други причини.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *