Протест во Тирана за поддршка на поранешните водачи ОВК на кои им се суди во Хаг
Илјадници луѓе, главно од Косово, се собраа во центарот на албанската престолнина Тирана за поддршка на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК) на кои им се суди за воени злосторства во судот во Хаг. Собирот на плоштадот „Скендербег“ во Тирана започна со албанската химна и скандирања „ОВК, ОВК“, а заврши околу еден час подоцна со скандирања „Слобода на ослободителите“. Протестот, свикан од групи што произлегоа од војната на ОВК, имаше за цел да изрази незадоволство од судењата на нејзините поранешни команданти... Читать дальше...