Избори се ближат, ветувања се нижат
![Избори се ближат, ветувања се нижат](https://gdb.rferl.org/01000000-0a00-0242-e682-08dc0b7718be_w800_h450.jpg)
2024 се смета за изборна година не само кај нас туку и на глобално ниво поради рекордниот број изборни процеси што се очекуваат. Македонските граѓани ќе гласаат по 11- ти пат на парламентарни и по седми на претседателски избори. Ново е што прв пат ќе има премиер Албанец и ќе се гласа во среда наместо во недела. Очекувањата за кампањата, пак, се дека ќе преовладува докажување меѓу ривалите кој е поголем криминалец, а кој поголем патриот.