Делегација на Јужна Кореја утре патува на разговори во Пјонгјанг
Претседателот на Јужна Кореја Мун ин Јае ќе испрати делегација предводена од директорот за национална безбедност во Северна Кореја на разговори за тоа како да се намалат „нуклеарните“ тензии и да са притисне за разговори меѓу Пјонгјанг и Вашингтон. Делегацијата е најавена денеска и оваа вест доаѓа во редок момент на детант меѓу двата ривала, создаден на неодамнешните Зимски олимписки игри во Јужна Кореја.
Десетчлената делегација утре патува за Пјонгјанг во дводневна посета, која вклучува разговори со високи претставници на Северна Кореја.