Гледањето на снимката за „Поткуп“ ќе биде јавно
Адвокатите на премиерот Зоран Заев на денешното рочиштето за „Поткуп“ побараа од судот јавноста да присуствува на гледањето на снимките кои се дел од доказите во предметот. Според одбраната, снимките кои претходно беа објавени на „јутјуб“ биле нецелосни. Судот го прифати барањето, но рочиштето е одложено за 26 март, бидејќи денеска во Кривичниот суд немаше услови за гледање на снимката.
Обвинителката од СЈО, Валентина Бислимовска се изјасни против барањето, бидејќи станува збор за класифицирани материјали, што се декласифицирани само за судењето. Заев побара да биде вклучена јавноста за, како што изјави, да си поврати дел од изгубената чест.
Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од околу 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште. Сведокот Сачевалиев кој денеска требаше да даде исказ, не дојде на рочиштето.