Мы в Telegram
Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer


Март
2018

Новости за 19.03.2018

SlobodnaEvropa.mk 

„Еднаш свет изградив“ или претстава за преиспитување на животните одлуки

Н.У. Театар за деца и младинци-Скопје, чествувајќи ги Светскиот ден на детскиот театар и Светскиот ден на куклениот театар, в среда на 21 март, во 20 часот премиерно ќе ја изведе младинската претстава „Еднаш свет изградив“ на режисерот Јане Спасиќ по мотиви од романот „Сидарта” на германскиот нобеловец Херман Хесе.

SlobodnaEvropa.mk 

Русија спроведува воени вежби еден ден по изборите

Руските вооружени сили започнаа големи воени вежби во јужните делови на земјата, вклучувајќи ги и окупираните региони во Грузија и анектираниот полуостров од Украина, Крим. Вежбите започнаа денеска, еден ден по претседателските избори, на кои претседателот Владимир Путин однесе убедлива победа. Новинските агенции објавија дека околу 8.000 војници учествуваат на вежбите.

SlobodnaEvropa.mk 

Претставници на двете Кореи на преговори во Финска

Финскиот министер за надворешни работи Тимо Соини изјави денеска дека претставници на Северна и на Јужна Кореја ќе одржат дипломатски разговори во Финска. Финска ќе биде домаќин на состанокот, рече министерот. Тој на финската новинска агенција СТТ, изјави дека неговата земја само го овозможила состанокот, со тоа што организираат средба, но дека не посредуваат во преговорите. Министерот не кажува други детали. Високиот северонокорејски дипломат Чое Канд Ил, кој е задолжен за Северна Америка, во неделата... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Сириската влада бара повлекување на турските сили од Африн

Сириската Влада денеска побара повлекување на турските сили од градот Африн во северозападна Сирија. Анкара вчера соопшти дека турските сили и борците на сириските бунтовнички групи што ја имаат поддршката на Турција, презеле целосна контрола над Африн, кој беше главно упориште на Силите за заштита на народот на сириските Курди во северозападна Сирија. „Соопштението на режимот на турскиот претседател дека неговите окупаторски сили го контролираат Африн е нелегитимно“, наведува сириското Министерство... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

НАТО и понуди и Британија помош во истрагата за труењето на агентот

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата се солидаризира со Велика Британија. Тој ја понуди својата поддршка за тековната истрага за труење на поранешен руски двоен агент во англискиот град Солсбери. Столтенберг ја обвини Русија за „јасно занемарување“ на меѓународниот мир и сигурност, затоа што не открила детали од својата програма „Новичок“, нервен агенс кој е користен при труењето на агентот. Столтенберг говорејќи пред новинарите по средбата во Брисел со британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Обештетувањето на стечајаците не оди ниту лесно, ниту брзо

Откако стечајците ќе поднесат барања до Агенцијата за вработување, треба да се проверат податоците на стечајците до донесување на решението за обештетување. Од УНИТ велат дека имало начин да се забрза процесот и стечајците да не останат по неколку месеци во неизвесност.

SlobodnaEvropa.mk 

Во Брисел нова рунда од техничкиот дијалог Белград - Приштина

Во Брисел се одвива нова рунда од техничкиот дијалог меѓу Белград и Приштина. Тема на разговор се договорите кои се веќе постигнати, а кои не се спроведени во пракса, како договорите за Заедницата на српски општини и за енергетиката. Преставници на Европската унија порачаа да се забрза динамиката на разговори за примена на постоечките договори. Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич најави зачестени средби на технико ниво на делегации од Србија и од Косово. Состанокот на двете делегации ќе трае три дена... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Невработеноста меѓу младите - предизвик за западен Балкан

Во шесте земји до Западен Балкан е забележан пораст на бројот на вработени за 3,9 проценти, покажува истражувањето на Светска банка и на Виенскиот институт за меѓународни економски студии за трендовите на пазарот на труд во западен Балкан. Во извештајот објавен денеска се наведува дека невработеност опаднала од 18, 6 отсто на 16, 2 проценти. Најдобри перформанси за вработување има на пазарот на труд во Косово, потоа следат Србија, Црна Гора, Албанија, Македонија, па Босна и Херцеговина. Но и покрај овој напредок... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Новите врнежи ја усложнуваат состојбата со Охридско Езеро

Дождот што повторно врне во охридскиот регион дополнително ја усложнува ситуацијата со високиот водостој на Охридското Езеро и реките од неговото сливно подрачје. Според АД „ЕЛЕМ“, нивото на водата во езерото е на котата 693,86 метри надморска височина, што е 11 сантиметри над максималната граница. Согласно одлуката на Кризниот штаб при Општина Охрид, од денеска правните и физичките лица од градот можат да поднесуваат барања за обештетување за штетата настаната пред два дена кога силниот ветер... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Во собраниска комисија констатирани оставките на Антикорупционерите

Собраниската Комисија за избори и именувања на денешната седница ги констатира оставките на петмина членови на Државната комисија за спречување на корупција, кои поднесоа оставки откако ревизорски извештај покажа дека злоупотребиле народни пари. Членот на собраниската комисијата Артан Груби од ДУИ ги повика и преостанатите двајца антикорупционери да поднесат оставки, за, како што вели Антикорупциска да почне да ја извршува вистинската функција. Констатираните оставки ќе се најдат на пленарна седница на Собранието.

SlobodnaEvropa.mk 

Путин ќе се залага за конструктивен дијалог со другите земји

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека земјата нема да се вклучи во трка за вооружување и дека ќе бара конструктивни врски со другите земји. Но, тој посочи дека Русија мора да ги брани своите интереси и не зависи се само од земјата. Говорејќи на средбата со неговите противници на изборите, Путин истакна дека ќе направат се да ги решат сите спорови со нивните партнери врз основа на политички и дипломатски пат, но и дека отсекогаш ги бранеле и ќе продолжат да ги бранат националните интереси.

SlobodnaEvropa.mk 

ОБСЕ оцени дека немало конкуренција на изборите во Русија

ОБСЕ соопшти денеска дека на претседателските избори во Русија недостасувала вистинска конкуренција, при што гласачите немале вистински избор. "Ограничувањата на основните слободи на собирање, здружување и израз го ограничија просторот за политички ангажман и резултираа со недостаток на вистинска конкуренција", изјави Мајкл Георг Линк, специјалниот координатор и лидер на краткорочната набљудувачка мисија на ОБСЕ во Русија. Според Линк, мисијата на ОБСЕ смета дека изборите биле уредни и ефективно спроведени до страна на изборната комисија.

SlobodnaEvropa.mk 

СЈО наместо условна бара затворска казна за Ивона Талевска

СЈО поднело жалба до Апелациониот суд за пресудата за случајот „Тифани“. Од СЈО бараат наместо условна, затворска казна за Ивона Талевска и повисока парична казна. Талевска доби условна казна од две години за случајот доколку во наредните четири години не го повтори делото и има обврска за една година да го плати данокот што го затаила. Од СЈО бараат повисока парична казна и за Смарт групацијата, која треба да плати казна од 200 илјади и данокот кој бил затаен и изнесува над милион денари. Талевска... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Жбогар очекува Законот за јазици да ги подобри односите меѓу заедниците

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска изјави дека донесувањето на Законот за јазици ќе ги подобри односите меѓу зедниците и ќе ја врати земјата на реформската агенда. Според него, ЕУ е оптимист во спроведувањето на законот и очекува тој да биде испратен до Венецијанската комисија. Тој на прес конференцијата по посетата на Гостивар порача и дека законот е важен за Албанците кои на него гледаат како последниот чекор, кој произлегува од Охридскиот рамковен договор. Жбогар смета дека со донесувањето на законот... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

СЈО се откажа од „Сопот“ поради недостиг на докази

СЈО го повлече обвинението за случајот „Сопот“. Според обвинителката Катица Јанева, нема доволно докази против обвинетите за делото за кое се товарат. Во случајот „Сопот” десет лица беа осудени за тероризам поради загинувањето на двајца полски војници и еден македонски државјанин во 2003 година кога теренско возило на НАТО нагази на мина на локалниот пат Сушево – Сопот. СЈО случајот лани го презеде од Основното јавно обвинителство и тврдеше дека клучниот сведок врз кој се базирала пресудата бил подложен на тортура.

SlobodnaEvropa.mk 

Во бомбашки напад во Авганистан загинаа 3 лица

Во експлозија на бомба во источен Авганистан загинаа 3 лица, а 8 биле повредени. Нападот се случил за време на собир организиран од страна на воениот ветеран Гулубудин Хекматјар кој во минатото бил близок со талибанците, но пред една година постигнал мировен договор со властите. Хекматјар не бил повреден во нападот. Се уште никој не презема одговорност за нападот.

SlobodnaEvropa.mk 

Заев: Јавноста да ја види целосната снимка за да ми се врати честа

Скопскиот кривичен суд прифати јавноста да ги следи доказите од предистражните мерки во случајот „Поткуп“, каде е обвинет премиерот Зоран Заев за мито. Но, судењето беше одложено поради техничката неопременост на судницата.

SlobodnaEvropa.mk 

Ослободен активист за човекови права во Узбекистан

Узбекистанскиот активист за човекови права Гајбуло Јалилов е ослободен по осум години поминати во затвор. Неговите роднини за Радио Слободна Европа соопштија дека 51 годишниот Јалилов, кој е член на организацијата Општество за човекови права се наоѓа во неговиот дом. Тој беше уапсен во 2009 година и подоцна осуден за заговор за спроведување а терористички напад на аеродромот во градот Карши. Јалилов беше осуден на 13 години затвор. Неговите роднини тврдат дека тој редовно бил подложен на тортура во затворот. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Што ќе се промени за Балканот со повторниот избор на Путин?

По повторниот избор на Путин за претседател на Русија, дел од аналитичарите велат дека Русија влегува во нова фаза на засилено влијание во регионот, а со тоа и во Македонија. Други не очекуваат промени, особено бидејќи во Македонија немало никакви промени во интересот за стапување во ЕУ и НАТО.

SlobodnaEvropa.mk 

ЕУ со осуда за нападот на порашениот руски шпион

Министрите за надворешни работи на ЕУ го осудија труењето на поранешниот руски шпион во Британија и посочија дека многу сериозно ги земаат во предвид наводите на земјата дека Русија стои зад нападот. Британија и нејзините сојузници ја обвинуваат Москва за нападот со нервен гас во Салсбери врз Сергеј Скриал и неговата ќерка Јулија кои се во критична состојба. Според соопштението на министрите, ЕУ ја поздравуваат посветеноста на Британија да работи со Организацијата за забрана на хемиското оружје во истрагата за нападот. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Заев верува во исчекор за решавање на спорот за името

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека престојната посета на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас на Скопје и преговорите со медијаторот Метју Нимиц се можност за приближување кон решавањето на спорот за името. Тој посочи дека верува оти е можно да се најде решение и е оптимист ако притоа се води сметка за достоинството и за идентитетот. По завршувањето на денешното судско рочиште за предметот „Поткуп“, Заев истакна и дека важно е како тоа ќе биде прифатено од граѓаните во Грција... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Убиени 36 осомничени милитанти во Синај

Египетските безбедносни сили убиле 36 осомничени милитанти во изминатите 5 дена како дел од операциите против милитантната група Исламска држава. Војската ја започна операцијата откако египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси кој се кандидира на изборите во овој месец за втор мандат на функцијата даде рок од три месеци за да се порази милитантната група на полуостровот Синај. Во операциите биле уапсени и 345 осомничени милитанти.

SlobodnaEvropa.mk 

Гледањето на снимката за „Поткуп“ ќе биде јавно

Адвокатите на премиерот Зоран Заев на денешното рочиштето за „Поткуп“ побараа од судот јавноста да присуствува на гледањето на снимките кои се дел од доказите во предметот. Според одбраната, снимките кои претходно беа објавени на „јутјуб“ биле нецелосни. Судот го прифати барањето, но рочиштето е одложено за 26 март, бидејќи денеска во Кривичниот суд немаше услови за гледање на снимката.  Обвинителката од СЈО, Валентина Бислимовска се изјасни против барањето, бидејќи станува збор за класифицирани материјали... Читать дальше...


Захарова: РФ искренне соболезнует в связи со смертью посла Гондураса в Москве

В Подмосковье ожидается малооблачная погода и +21 градус

Диана Гурцкая впервые озвучила причину смерти мужа

Мозес покинет «Спартак» по окончании сезона



Новости 24/7 DirectAdvert - доход для вашего сайта



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России



Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city

Аналитик Пиллсбери: дружеские объятия Путина и Си стали для США кошмаром

Полицейские нашли пакет на шее убитой 8-летней девочки под Ростовом

Диана Гурцкая впервые озвучила причину смерти мужа

В Москве скончался посол Гондураса Эльвир Сальгадо

Музыкальные новости

Россия, Культура, Театр и Дети - о ПДД детям показали артисты постановку в театре кукол Ульгэр в Бурятии

В Самарской области состоится третий отборочный этап на Кубок России по гонкам дронов

Фестивальный праздник «Музыка моего города» в Улан-Удэ включил в программу спектакль Театра кукол «Ульгэр»: Россия и Культура, Праздник и Дети

Союз России и КНР - альтернатива "американскому пути". Аналитики Пиллсбери объяснил особый жест Си Цзиньпина

Новости России

Топ-10 новостей: Землетрясение, режим ЧС, прибытие самолета-зондировщика

В Якутске презентовали клип к саундтреку фильма «Карина»

Пьяный подросток разбил десять машин на парковке в Красноярске

В Москве скончался посол Гондураса Эльвир Сальгадо

Экология в России и мире

Семьи со всего Уральского федерального округа приняли участие в конкурсе «Это у нас семейное»

Каскадная лестница из мрамора

Выставки индустрии моды в Москве

Где провести бизнес-встречу в Ростове-на-Дону?

Спорт в России и мире

Теннисисты Роджер Федерер и Рафаэль Надаль стали лицами рекламной кампании Louis Vuitton

Теннисист Медведев может спуститься на пятое место в ATP после "Мастерса" в Риме

Соболенко вышла в полуфинал турнира WTA в Риме

«Спартак» подарит Циципасу клубную футболку

Moscow.media

Правоохранители проверили бывших мигрантов в Джанкое

Завершен очередной этап строительства моста в Мнёвниках

Седая весна...

«Грузовичкоф» развивает представителей бизнес-среды







Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *