Во бомбашки напад во Авганистан загинаа 3 лица
Во експлозија на бомба во источен Авганистан загинаа 3 лица, а 8 биле повредени. Нападот се случил за време на собир организиран од страна на воениот ветеран Гулубудин Хекматјар кој во минатото бил близок со талибанците, но пред една година постигнал мировен договор со властите. Хекматјар не бил повреден во нападот. Се уште никој не презема одговорност за нападот.