Ослободен активист за човекови права во Узбекистан
Узбекистанскиот активист за човекови права Гајбуло Јалилов е ослободен по осум години поминати во затвор. Неговите роднини за Радио Слободна Европа соопштија дека 51 годишниот Јалилов, кој е член на организацијата Општество за човекови права се наоѓа во неговиот дом.
Тој беше уапсен во 2009 година и подоцна осуден за заговор за спроведување а терористички напад на аеродромот во градот Карши. Јалилов беше осуден на 13 години затвор. Неговите роднини тврдат дека тој редовно бил подложен на тортура во затворот.
Хјуман Рајтс Воч го осуди неговото затворање кое според организацијата, било политички мотивирано и врз основа на лажни докази. Претседателот Шавкат Мирзијоев кој ја презема функцијата по смртта на Ислам Каримов започна со ослободување на политичките затвореници како дел од политиката за намалување на авторитарната контрола во земјата.