Најмалку 50 загинати во циклонско невреме во Сомалија
Над 50 луѓе загинале во невремето проследено со силен ветер и поројни дождови, предизвикано од тропскиот циклон Сагар, што го погоди северниот дел на Сомалија.
Потпретседателот на сомалискиот сепаратистички регион Сомалиленд, Абдирахман Абдулахи изјави дека засега е потврдена смртта на над 50 лица, додавајќи дека се стравува оти бројот на загинати може да биде поголем, бидејќи неколкумина се водат како исчезнати.
Циклонот Сагар ги погоди северна Сомалија и Џибути, откако во саботата се формира над Аденскиот Залив. Канцеларијата на ОН за координација и хуманитарни прашање (УНОЦХА) соопшти дека циклонот погодил подрачје на кое живеат околу 669.000 лица.