Мы в Telegram
Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer


Май
2018

Новости за 23.05.2018

SlobodnaEvropa.mk 

Шестиот фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ во знакот на Светислав Басара

Големиот српски писател Светислав Басара е добитник на наградата „Прозарт“ на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ што од 27 до 29 мај, во организација на издавачката куќа „Икона“ ќе се одржи во Скопје. Тој ќе биде во друштво на петмина врвни автори од Балканот - Роберт Перишиќ од Хрватска, Ајфер Тунч од Турција, Јуриј Худолин од Словенија, Лејла Каламујиќ од Босна и Херцеговина и нашата Фросина Пармаковска.

SlobodnaEvropa.mk 

Социјалните претпријатија - можност за интеграција на маргинализираните групи

Организација од Тетово се обидува да им најде работа на необразованите Ромки за да ги искористат вештините што ги имаат на пазарот на труд, како на пример перење постелните за хотели.

SlobodnaEvropa.mk 

Заздравувањето на Скрипал е споро и болно, тврди неговата ќерка

Јулија Скрипал, ќерката на рускиот двоен агент Сергеј Скрипал кој беше отруен со нервен гас изјави дека неговото заздравување е споро и болно. Таа изрази и надеж дека еден ден ќе се врати во Русија. Јулија која исто така беше отруена го даде коментарот во пишано соопштение за медиумите. Двајцата беа во критична состојба откако беа пронајдени од полицијата во несвесна состојба на клупа во британскиот град Салсбери. Јулија беше пуштена од болница во минатиот месец, а нејзиниот татко минатата недела. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Заздравувањето на Скрипал е бавно и болно, тврди неговата ќерка

Јулија Скрипал, ќерката на рускиот двоен агент Сергеј Скрипал кој беше отруен со нервен гас изјави дека неговото заздравување е бавно и болно. Таа изрази и надеж дека еден ден ќе се врати во Русија. Јулија која исто така беше отруена го даде коментарот во пишано соопштение за медиумите. Двајцата беа во критична состојба откако беа пронајдени од полицијата во несвесна состојба на клупа во британскиот град Салсбери. Јулија беше пуштена од болница во минатиот месец, а нејзиниот татко минатата недела. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Палмер на средба со Заев за поддршка за влез во ЕУ и НАТО и спорот за името

Премиерот Зоран Заев денеска се сретнал со вршителот на должност заменик-помошник државен секретар на САД, Метју Палмер. На средбата, како што соопшти владината прес-служба, Палмер јасно ја реафирмирал поддршката на Вашингтон за интеграција во НАТО и во ЕУ. Тој, како што се наведува, ја повторил и поддршката на САД кон Македонија и Грција со цел да се реализира позитивен резултат од разговорите за спорот со името. Заев го истакнал значењето на дипломатските чекори кои ги преземаат САД и европските... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Брнабиќ и Џафери за регионална соработка и европски пат на Западен Балкан

Српската премиерка Ана Брнабиќ и претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери на денешната средба во Белград констатирале дека регионалната соработка и европскиот пат се клуч за стабилност и просперитет на Западен Балкан. Брнабиќ истакнала дека Србија се залага за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ и за што побрз договор околу решавањето на спорот за името. Џафери посочи дека на средбата се покренати сите оние прашања кои се од добробит на билатералните односи меѓу двете држави.

SlobodnaEvropa.mk 

Украински репортер осуден на 8 години затвор во Белорусија

Медиуми јавија дека судот во Белорусија го осудил на околу 8 години затвор за шпионажа украинскиот репортер Павло Шаројко. Украинскиот амбасадор во земјата, Ихор Кизим изјави дека судењето се одвивало зад затворени врати, но не посочи кога Врховниот суд ја донел одлуката. Тој истакна и дека го посетил Шаројко во притворот и оти условите биле прифатливи. Шаројко беше притворен во октомври и обвинет дека шпионирал за украинското министерство за одбрана. Кизим посочи и дека Шаројко се изјаснил виновен... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Груевски по пресудата порача дека доаѓаат подобри времиња

Поранешниот премиер Никола Груевски по објавувањето на пресудата против него за случајот „Тенк“ на СЈО на Фејсбук ги повика македонските граѓани да ја кренат главата горе и да не забораваат дека ова е земја на сите кои живеат во неа и ничија друга и им порача дека доаѓаат подобри времиња. Груевски денеска беше осуден на две години затвор за за примање награда за противзаконито влијание, односно за купувањето на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра. Груевски не беше присутен на изрекувањето на пресудата.

SlobodnaEvropa.mk 

Ревизија на предметите за легализација на дивоградби во Битола

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Битола обвинуваат дека локалната власт го кочи процесот за легализација на дивоградби. Градоначалничката Наташа Петровска, пак, вели дека наследила хаос и оти мора да се направи ревизија на дел од предметите зашто различни сектори во општината носеле различни одлуки за ист објект.

SlobodnaEvropa.mk 

СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за несериозност по напуштање на седницата

Од СДСМ денеска соопштија дека ВМРО-ДПМНЕ со напуштањето на собраниската седница потврдила дека е несериозна партија која не мисли на граѓаните, додека владејачката партија се однесува државнички и одговорно. „ВМРО-ДПМНЕ денеска побегна од директно соочување на аргументите во Собранието и ја напушти седницата на која се разгледуваат важни прашања за граѓаните“, наведуваат од СДСМ. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ по пресудата за случајот „Тенк“ на СЈО ја напуштија собраниската седница.

SlobodnaEvropa.mk 

Ципрас: Јасно изјавивме дека преговараме за четирите имиња предложени од Нимиц

Ние јасно изјавивме дека преговараме врз основа на четирите имиња предложени од ОН, конкретно пакетот предлози од Нимиц, рече Алексис Ципрас во грчкиот Парламент, одговарајќи на критиките упатени од лидерот на опозициската Нова демократија, Киријакос Мицотакис, во врска со името „Република Илинденска Македонија“. Грчкиот премиер, како што објави МИА, на Мицотакис му возврати дека владата јасно и навремено излегла со став, а лично тој се стремел кон што е можно побрзо информирање. „Од Софија, пред да се вратам... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Шекеринска - Бошковиќ: Македонија заслужува да биде следната членка на НАТО

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Црна Гора имаше официјални средби со министерот за одбрана Предраг Бошковиќ, со претседателот Мило Ѓукановиќ и со шефот на парламентот, Иван Брајовиќ. На средбата со црногорскиот министер за одбрана, како што соопшти Министерството за одбрана, било заклучено дека Македонија и Црна Гора имаат исклучителна блиска одбранбена соработка која ќе продолжи да се развива и во иднина, а во врска со евроатлантските аспирации заклучиле дека... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 50 загинати во циклонско невреме во Сомалија

Над 50 луѓе загинале во невремето проследено со силен ветер и поројни дождови, предизвикано од тропскиот циклон Сагар, што го погоди северниот дел на Сомалија. Потпретседателот на сомалискиот сепаратистички регион Сомалиленд, Абдирахман Абдулахи изјави дека засега е потврдена смртта на над 50 лица, додавајќи дека се стравува оти бројот на загинати може да биде поголем, бидејќи неколкумина се водат како исчезнати. Циклонот Сагар ги погоди северна Сомалија и Џибути, откако во саботата се формира над Аденскиот Залив. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Груевски осуден на две години затвор за луксузниот мерцедес

Поранешниот премиер Никола Груевски денеска беше осуден на две години затвор во случјот „Тенк“ на СЈО. Тој е осуден за примање награда за противзаконито влијание за набавката на луксузниот мерцедес. Поранешниот помошник-министер во МВР Ѓоко Поповски е осуден на шест години и шест месеци затвор.

SlobodnaEvropa.mk 

По пресудата за „Тенк“ ВМРО-ДПМНЕ ја напушти денешната собраниска седница

По изрекување на пресудата за поранешниот премиер и екс-лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевскиза случајот „Тенк“, пратениците од оваа партија ја напуштија 46-та пленарна седница што е во тек. Засега нема официјална информација дали поради пресудата тие ја напуштија собраниската седница. Претходно Собранието не ги изгласаа измените на Законот за акцизите, предложен токму од опозицските пратеници. Пратениците од владејачкото мнозинство кои останаа во салата го ислушаа обраќањето на народниот правобранител... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Дангов: Силно ќе се жалиме за пресудата за „Тенк“

Димитар Дангов, адвокатот на Никола Груевски, по изрекувањето на пресудата пред Кривичниот суд рече дека се незадоволни и најави дека вложат сериозна жалба поради ваквата пресуда. „Како одбрана во овој предмет силно жалиме што Основниот суд Скопје 1 не ја прифати нашата силна аргументација која што со леснотија ќе го доведеше овој суд при изрекување на пресудата да донесе ослободителна пресуда. И не само тоа, да донесе, ако така милувате, и одбивателна пресуда“, рече Дангов. Според него, не постојат... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Кина сака со стретешки инвестиции да влезе во Западен Балкан

Кинеската Влада е подготвена да стимулира стратешки инвестиции на кинеските компании во Бугарија, земјите од Западнот Балкан и во Централна и Источна Европа, изјави министерот за надворешни работи на Кина, Ванг Ји на средба со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева. „Лично бугарскиот премиер Бојко Борисов е ангажиран за привлекување на финансии за овие проекти на Балканот. Ние сме мост меѓу Европа и Азија. Верувам дека на средбата во рамки на иницијативата „16 плус 1“ што ќе се одржи во Софија во јули... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Две години затвор за Никола Груевски за „Тенк“

Две години затворска казна доби поранешниот премиер Никола Груевски за предметот „Тенк“ на СЈО, односно за набавката на блиндираниот мерцедес за 600 илјади евра. Обвинетиот поранешен помошник-министер во МВР Ѓоко Поповски доби затворска казна од шест години и шест месеци. Според обвинението, „Груевски во овој случај беше обвинет дека како премиер побарал од екс-министерката Гордана Јанкулоска да определи лице кое ќе спроведе незаконска јавна набавка за ново блиндирано возило, а се фаворизирала фирмата „Мак Аутостар ДООЕЛ“. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Владата ќе субвенционира домашни и странски авиопревозници

Владата ја усвои Програмата и уредбата за финансиска поддршка за домашни и странски авиопревозници. Во овој момент не се знае колку и кога ќе бидат потпишани овие договори и кои компании ќе бидат заинтересирани за субвенции.

SlobodnaEvropa.mk 

Поголема поддршка за отворени листи отколку за една изборна едница

СДСМ се залага за целосна промена на изборниот модел – воведување една изборна единица, наместо шест како досега и отворени листи. Во ДУИ поддржуваат отворени листи, но сметаат дека треба да останат шест изборни единици.

SlobodnaEvropa.mk 

Поголема поддршка за отворени листи отколку за една изборна единица

СДСМ се залага за целосна промена на изборниот модел – воведување една изборна единица, наместо шест како досега и отворени листи. Во ДУИ поддржуваат отворени листи, но сметаат дека треба да останат шест изборни единици.

SlobodnaEvropa.mk 

Владата не го менува предлогот, се чека утрешната средба Димитров-Коѕијас

Владиниот портпарол Миле Бошљаковски денеска унформираше дека ставот на Владата во однос на последниот предлог за името останува ист пред утрешната средба меѓу министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас. „Да ја почекаме средбата од која ќе имаме официјална информација што ќе ја споделиме со јавноста. Сметаме дека дадениот предлог од наша страна по лидерската средба ги одразува севкупно сите аспекти што се потребни за да се заштити идентитетот, и на македонскиот народ, меѓутоа... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Заев ја проширил реконструкцијата, Жерновски заменик на Димитров

Премиерот Зоран заев синоќа ги испратил до Собранието предлозите за новите членови во Владата, а дополнително ги пратил и предлозите: Андреј Жерновски - кандидат за заменик-министер во Министерството за надворешни работи, Асим Муса - во Министерството за здравство, Ѓонул Бајрактар - за Министерството за труд и социјална политика и Садик Бекири - предлог за заменик-министер во Министерството за транспорт и врски. Владиниот портпарол Миле Бошњаковски информираше и дека до Собранието се пратени и... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Тринаесет обвинети за престрелката во Мала Речица

Основното јавно обвинителство Тетово поднесе обвинение против 13 лица за учество во вооружениот инцидент во Мала Речица, што се случи на 5 април годинава, во кој едно лице го загуби животот, а неколкумина беа повредени, соопшти Јавното обвинителство. Според Обвинителството, против четворица е поднесен обвинителен акт со предлог за продолжување на мерката притвор, со кој едно лице се товари за кривични дела „убиство“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од Кривичниот законик. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Коѕијас: САД многу се интересираат за спорот за името, но не притискаат

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас изјавил дека американската администрација не врши притисок, туку само многу се интересира за решение кон кое водат преговорите за името и кои се потешките точки. Тој вака на грчките новинари им ја објаснил неговата вчерашна средба со советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Џон Болтон, на која се задржал двојно повеќе од предвиденото. „Во скопското прашање немаме никаков притисок, ниту некој има намера да не притиска. Никогаш нема да дозволиме да нѐ притискаат. Читать дальше...


Туреччина та Україна обговорили поновлення зернової угоди

"Динамо" и "Крылья Советов" объявили стартовые составы на матч 29-го тура РПЛ

Презентация книги "Наши: боевое братство

Квитанции по ЖКХ пустые: от этих выплат полностью освободили пожилых людей



Новости 24/7 DirectAdvert - доход для вашего сайта



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России



Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city

Дело замминистра Иванова. Появились новые детали об арестованном Фомине: "Имеет значительные связи среди руководства предприятий Минобороны"

Юные хоккеисты развернули 100-метровую георгиевскую ленту в Музее Победы

Названы города с самыми недорогими гостиничными номерами

Квитанции по ЖКХ пустые: от этих выплат полностью освободили пожилых людей

Музыкальные новости

Чемезов: «Многие предприятия находятся в состоянии „лишь бы выжить“»

Фестивальный праздник «Музыка моего города» в Улан-Удэ включил в программу спектакль Театра кукол «Ульгэр»: Россия и Культура, Праздник и Дети

Актер из «Папиных дочек» пропал в Москве

Страдания юного Аюша Булчун

Новости России

Презентация книги "Наши: боевое братство

Туреччина та Україна обговорили поновлення зернової угоди

Deckhouse Stronghold вошел в Реестр российского ПО

Юные хоккеисты развернули 100-метровую георгиевскую ленту в Музее Победы

Экология в России и мире

Где провести бизнес-встречу в Ростове-на-Дону?

Страдания юного Аюша Булчун

Как 86 тысяч японцев дожили до 100 лет и живут дальше: 7 секретов долголетия из Японии, которые пригодятся в России

Армяне России поддерживают движение «Тавуш во имя Родины»

Спорт в России и мире

«Подача на победу на Уимблдоне». Гвардиола – о заключительном туре АПЛ

Новак Джокович: «Я никогда не скажу, кого считаю величайшим в истории – оставлю это другим»

Теннисист Медведев может потерять свое место в рейтинге ATP

Диего Шварцман: «Два чилийца в полуфинале в Риме. Шесть латиноамериканцев в топ-30. А ATP в следующем году уберет один из турниров в Южной Америке»

Moscow.media

Правоохранители проверили бывших мигрантов в Джанкое

Азербайджанский мигрант возмутился из-за того, что в Калининграде суд назначил 4,5 года лишения свободы за убийство в ДТП школьницы. Видео

16-летнюю Volvo продали за рекордный срок

Фикс-тариф будет доступен всем пользователям BelkaCar







Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *