Дангов: Силно ќе се жалиме за пресудата за „Тенк“
Димитар Дангов, адвокатот на Никола Груевски, по изрекувањето на пресудата пред Кривичниот суд рече дека се незадоволни и најави дека вложат сериозна жалба поради ваквата пресуда.
„Како одбрана во овој предмет силно жалиме што Основниот суд Скопје 1 не ја прифати нашата силна аргументација која што со леснотија ќе го доведеше овој суд при изрекување на пресудата да донесе ослободителна пресуда. И не само тоа, да донесе, ако така милувате, и одбивателна пресуда“, рече Дангов.
Според него, не постојат услови за кривично гонење на ниту еден од обвинетите.
За предметот „Тенк“ Никола груевски доби затворска казна од две години, а поранешниот помошник-министер Ѓоко Поповски шест години и шест месеци, за злоупотреба на службената положба и овластување.