Груевски по пресудата порача дека доаѓаат подобри времиња
Поранешниот премиер Никола Груевски по објавувањето на пресудата против него за случајот „Тенк“ на СЈО на Фејсбук ги повика македонските граѓани да ја кренат главата горе и да не забораваат дека ова е земја на сите кои живеат во неа и ничија друга и им порача дека доаѓаат подобри времиња.
Груевски денеска беше осуден на две години затвор за за примање награда за противзаконито влијание, односно за купувањето на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра. Груевски не беше присутен на изрекувањето на пресудата.