Брнабиќ и Џафери за регионална соработка и европски пат на Западен Балкан
Српската премиерка Ана Брнабиќ и претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери на денешната средба во Белград констатирале дека регионалната соработка и европскиот пат се клуч за стабилност и просперитет на Западен Балкан.
Брнабиќ истакнала дека Србија се залага за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ и за што побрз договор околу решавањето на спорот за името. Џафери посочи дека на средбата се покренати сите оние прашања кои се од добробит на билатералните односи меѓу двете држави.