Ердоган не може да победи уште во првиот круг на претседателските избори?
Идниот претседател на Турција ќе биде избран во вториот круг од претседателските избори, што би се одржал на 8 јули, покажуваат резултатите од анкетата на агенцијата „Консензус“, чии прогнози за исходот од ланскиот уставен референдум во земјата се покажаа како најточни.
Според оваа анкета, актуелниот турски претседател и лидер на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), Реџеп Тајип Ердоган, на изборите закажани за 24 јуни, ќе освои 47,9 отсто од гласовите, што не би му било доволно за победа во првиот круг.
Врз основа на оваа прогноза, Ердоган во вториот хруг од претседателските избори би се соочил со кандидатот на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП), Мухарем Инџе, кој според анкетата, би освоил 26,8 отсто од гласовите.