Мы в Telegram
Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer


Июнь
2018

Новости за 04.06.2018

SlobodnaEvropa.mk 

Трамп смета дека има право да се помилува себеси

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека има право да се помилува себеси, иако нема причини за такво нешто, бидејќи не направил ништо погрешно. Ова тој го наведува на Твитер, додавајќи дека нема крај на „ловот на вештерки“, како што ја нарекува истрагата за руското мешање во изборите од 2016 година. Трамп истакнува дека наименувањето на специјалниот истражител Роберт Мулер да ја води истрагата за руското мешање е целосно неуставно. Тој денеска имаше серија твитови во кои се пофали за успесите... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Мицкоски: Заев погрешно го води процесот на преговори за името

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека политиките на Зоран Заев за името се темелат на лаги, а процесот на преговори е комплетно погрешно воден, со погрешни луѓе и погрешна методологија. Во гостување на ТВ Сител, Мицкоски рече дека „ако се водиме по клучните барања на соседната страна, значи дека сме подготвени да капитулираме, а ако ја прифаќаме црвената линија како конечна позиција, нема потреба да преговараме“. Мицкоски му даде оценка „десет“ на саботниот партиски митинг на кој... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Сакамото, Глас, Сан Ра, Пери, Кобејн на „Скопје синема сити 2018“

Петнаесет филмови од најразлични продукции ќе бидат прикажани на четвртиот Фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“, што од 6 до 10 јуни ќе се одржи во Кинотека на Македонија. Официјалната програма ќе биде отворена со прикажувањето на „Кода“ на Стивен Номура Шибле, филмот посветен на култниот јапонски композитор и пијанист Руичи Сакамото, а во пресрет на овој чин ќе биде отворена фотоизложбата „Македонска џез-тетика“ на Татјана Ранташа и ќе настапи ГОЦЕ СТЕФКОВСКИ КВИНТЕТ.

SlobodnaEvropa.mk 

Ѓукановиќ: не се вртиме кон Русија, тоа се шпекулации

Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, за време на првата официјална посета на седиштето на НАТО во Брисел по неговиот реизбор, изјави дека позицијата на Подгорица спрема Русија е јасна и недвосмислена. Нема вртење кон Русија, тоа е тенденциозна шпекулација во однос на државната политика, изјави Ѓукановиќ на пресот со генералниот секретар на НАТО. Загрозувањето на интегритетот на Украина и други постапки, како што видовме во Црна Гора за време на изборниот процес во 2016 година, се неприфатливи и треба да се осудат. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Основана парламентарна група за правата на Ромите

Во Собранието на Република Македонија денеска беше промовирана Интерпартиска парламентарна група за правата на Ромите во земјава, во која членуваат пратеници од различни политички партии. Претседателот на Собранието Талат Џафери истакна дека овие групи за поддршка се доказ дека пратениците созреваат и се издигнуваат над партиските интереси, без разлика на политичката провиниенција од која доаѓаат. Пратеникот Самка Ибраимовски истакна дека Ромите остануваат најранлива и најчуствителна заедница... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Во Србија протести поради скапите горива

В петок во повеќе српски градови ќе се одржат протести против зголемувањето на цените на горивото, со блокирање на патиштата по 17 часот, информираат белградските медиуми. Граѓаните се организирани преку Фејсбук, а според најавите на организаторите, во Белград ќе бидат блокирани главните сообраќајници. Организаторите на блокадата на социјалните мрежи објаснија дека бараат усвојување на три барања. Главното барање на возачите е да се усвои нова цена на горивата која нема да го надмине износот од... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Рак кај 18 бебиња во Битола во 2016

Во 2016 година во Битола имало 18 случаи на малигни заболувања кај деца до две години. Биле заболени и пет деца меѓу 3 и 6 години, шест деца меѓу 7 до 9 години, четири деца од 10 до 14 години, два тинејџери од 15 до 19 години и 18 млади од 20 до 24 години.

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот парламент ја одложи расправата за преговорите со Србија

Косовското Собрание денеска ја одложи расправата за владината платформа која меѓу другото, предвидува претседателот Хашим Тачи да биде главен преговарач во завршната фаза од дијалогот со Белград, на што се спротивставува опозицијата. Демократскиот сојуз на Косово претходно соошшти дека нема да ја поддржи платформата во Парламентот, бидејќи според нив тоа е лошо подготвен и неуставен документ. Тие нагласуваат дека се за сериозен консензуален дијалог во рамки на Уставот на Косово. Косовската Влада... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Украински новинар осуден на 12 години затвор во Русија

Руски суд го осуди украинскиот новинар Роман Сушченко на 12 години строг затвор поради шпионирање, во случај за кој украински активисти за човекови права велат дека е политички мотивиран. Сушченко, дописник од Париз за новинската агенција Укринформ, беше уапсен во Москва во 2016 година, под сомнение за собирање на класифицирани информации. Тој се изјасни дека е невин на почетокот на неговото судење во март. Официјален Киев, активисти за човекови права и западните влади велат дека Русија затворила... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Ципрас и Вартоломеј разговарале за статусот на МПЦ

Црковниот аспект на проблемот меѓу Македонија и Грција, беше една од темите за кои разговараа грчкиот премиер и Вселенскиот патријарх на нивната 80-минутна средба во премиерската палата, јави МИА од Атина. Алексис Ципрас ги поздрави напорите на Вселенската патријаршија за надминување на проблемот, додека пак Вартоломеј рече дека работат на сеправославна обединетост и соработка. „Во однос на црквата на Скопје, прашањето што го споменавте, тоа е во рамките на канонските обврски на Вселенската патријаршија... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Времето на тефтерчиња помина, ѝ одговори Дескоска на Јанкулоска

Времето на тефтерчиња и судии од тефтерчиња заврши. Мојата заложба ќе биде судството да го направиме независно и немам намера да се мешам, изјави денеска по преземањето на функцијата министерка за правда Рената Дескоска, прашана за писмото од поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, во кое се обраќа за повреда на нејзините права во судењето за предмет на СЈО. „Сакам да порачам не само на госпоѓата Јанкуловска, туку и на сите кои што имаат постапки пред судовите, дали во улога на обвинети или странки во други постапки... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Пападимулис: Орбан е тажен исклучок од поддршката за заедничко решение за името

Европскиот портал Еурактив утрово ги пренесува пораките на унгарскиот премиер Виктор Орбан објавени за време на митингот на најголемата макеоднска опозициска партија во кои тој ги поздравува напорите на ВМРО-ДПМНЕ да го блокира решението со Грција и “да не потклекне под притисок од странски сили.“ Еурактив истакнува дека пораките на Орбан се во спротивност со оние на другите демохристијански челници, како Елмар Брок, близок соработник на германската канцеларка Ангела Меркел, но и претседателот на ЕПП... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Ким и Путин на средба во септември во Владивосток?

Рускиот претседател Владимир Путин би можел да се состане со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун во септември оваа година, објави новинаската агенција „Ројтерс“, повикувајќи се на руската „РИА новости“. Според „РИА новости“, средбата би можела да се одржи во градот Владивосток, на истокот од Русија, но, како што се наведува, се разгледуваат и други локации за одржување на состанокот.

SlobodnaEvropa.mk 

Царовска: Гордана Јанкулоска ќе биде третирана по закон како и сите граѓани

Гордана Јанкуловска нема причина воопшто да се вознемирува затоа што таа, како и сите граѓани, ќе биде третирана по закон, одговори министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на писмото на поранешната министерка за внатрешни работи во кое се обраќа до неа и до новата министерка за правда Рената Дескоска за „повреда на нејзините права во судењето за предмет на СЈО во кој таа е една од обвинетите“. Царовска додаде дека доколку има некаков проблем кој е од ресорот со кој таа раководи би помогнала без никаков проблем... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Полициска акција во Ларце, застрелан бегалец кој фрлил бомба врз полицијата

Во тетовското село Ларце, рано утринава припадници на МВР застрелале едно лице при обид за негово приведување, откако тоа пружило отпор и фрлило рачна бомба кон полицајците, соопшти МВР. Според МВР, се работи за Ј.Р. (38) од Ларце, кој бил баран по меѓународна и централни потерници за издржување вкупна казна затвор во траење од 26 години и 10 месеци и против кое, според полицијата, во периодот од 2000 до 2016 година до ОЈО Тетово и ОЈО Скопје биле поднесени шест кривични пријави за сторени 16 тешки... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Вселенскиот и грчкиот патријарх разговарале за МПЦ

МПЦ и црковното прашање биле една од темите за кои разговарале поглаварот на Грчката православна црква архиепископот Јеронимос и Вселенскиот патријарх Вартоломеј на нивната денешна средба во Атина. „За време на средбата беше разговарано за прашањата што се однесуваат на расколничката црква на Скопје, барањето автокефалност од црквата на Украина, а ги споменаа и двајцата грчки војници кои се во притвор во Одрин“, соопштија од атинската архиепископија. Вселенскиот патријарх се сретнал со грчкиот... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе се формира нова државна институција за безбедност во сообраќајот

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, на денешната меѓународна конференција на тема „Безбедност на патиштата“ најави формирање на нова државна институција за зголемување на безбедноста во сообраќајот. Според него, тоа е резултат на податоците дека во земјите од ЕУ има во просек 5,2 жртви во сообраќај на 100.000 жители, и дека веќе е формирана работна група која до крајот на годинава ќе даде конкретен предлог за формирање на Агенција за управување со безбедноста на сообраќајот. „Безбедноста... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Јанша ќе го добие мандатот, другите партии не сакаат коалиција со него

Словенечкиот претседател Борут Пахор изјави дека ќе му даде мандат за формирање влада на десничарскиот опозициски лидер, чија партија освои најмногу гласови на вчерашните предвремени парламентарни избори. Пахор денеска изјави дека поранешниот премиер Јанез Јанша треба да добие шанса да обезбеди парламентарно мнозинство, откако неговата Словенечка демократска партија освои 25 проценти од гласовите на вчерашното гласање. Другите партии кои успеаја да влезат во 90-члениот парламент, ја исклучија... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

33,4 милиони долари грантови за градинки и социјални услуги

Грантови за општините за изградба на нови градинки, за реновирање на постоечки и пренамена на постојни објекти во институции за деца на предучилишна возраст, најави министерот за финансии Драган Тевдовски на отворењето на првата градинка во општина Чашка, каде присуствуваше и министерката за труд и социјала Мила Царовска. Станува збор за проект во износ од 33,4 милиони долари, кој Светска банка, за време на Пролетните средби во Вашингтон, изрази интерес да го финансира. Освен за изградба и реконструкција... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Ваши коментари: Митингот на ВМРО-ДПМНЕ и дивоградбите од Скопје 2014

Митингот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и пораките што ги испрати лидерот Христијан Мицкоски се најкоментирани теми од нашите читатели. Тие го коментираат и интервјуто со претседателот на Асоцијацијата на архитекти, Мартин Пановски, во кое тој посочува дека Воинот на коњ и Порта Македонија се дивоградби, кои или треба да бидат отстранети или легализирани.

SlobodnaEvropa.mk 

Закочени преговори или временско тактизирање околу името?

Се уште нема најава кога би се одржал телефонски разговор меѓу премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас. Аналитичарите оценуваат дека не станува збор за голем застој во преговорите за името, туку повеќе за давање време во кое ќе се убедат опозициите во двете земји за решението.

SlobodnaEvropa.mk 

Заедничка воена вежба на Русија и Србија во август

Во август ќе се одржи заедничка воена вежба на Руската Федерација и Србија, објави командантот на војските на Западната воена област генерал Андреј Картполов. Тој во интервју за весникот „Краснаја звезда“ изјави дека оваа вежба, која според него, ќе се одржи во втората половина на август, ќе биде еден од најважните настани во меѓународната воена соработка на Русија со учество на вооружените сили на Србија.

SlobodnaEvropa.mk 

Русија ги укина визите за време на Светскиот куп

Русија од денеска воведува безвизен режим за сите странски државјани кои ќе дојдат да присуствуваат на фудбалскиот Мундијал. Заинтересираните навивачи ќе можат да го користат првото на повеќекратен безвизен влез во Русија од 4 јуни до 25 јули кога ќе треба да ја напуштат земјата. Светското првенство во Русија ќе се одржи во 11 градови на 12 стадиони од 14 јуни до 15 јули.

SlobodnaEvropa.mk 

Над 25 загинати по ерупцијата на вулканот Фуего во Гватемала

Билансот на жртви од вчерашната ерупција на вулканот Фуего во Гватемала се искачи на 25, објавија западните новински агенции. Во најголемата ерупција на вулкан во последната деценија во Гватемала повредени се стотици луѓе и причинета е голема материјална штета. Вулканот Фуего, кој се наоѓа на околу 40 километри од Гватемала Сити, го покри со камења, чад и со лава селото Ел Родео во кое загинале и најголемиот дел од жртвите. Според сведоштвата на преживеаните, дел загинале заробени во своите куќи, а дел бегајќи од селото.

SlobodnaEvropa.mk 

Ердоган не може да победи уште во првиот круг на претседателските избори?

Идниот претседател на Турција ќе биде избран во вториот круг од претседателските избори, што би се одржал на 8 јули, покажуваат резултатите од анкетата на агенцијата „Консензус“, чии прогнози за исходот од ланскиот уставен референдум во земјата се покажаа како најточни. Според оваа анкета, актуелниот турски претседател и лидер на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), Реџеп Тајип Ердоган, на изборите закажани за 24 јуни, ќе освои 47,9 отсто од гласовите, што не би му било доволно за победа во првиот круг. Читать дальше...


Один день в Чекалине: что посмотреть туристам в когда-то самом маленьком городе России

Системы госзаказа и госзакупок в ЕАЭС: проблемы и перспективы

В московском метро на БКЛ стартовал парад поездов

Сергей АРУТЮНОВ, Astero - Там



Новости 24/7 DirectAdvert - доход для вашего сайта



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России



Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city

В юго-восточной части Москвы мужчина с пистолетом ворвался в банк

Вооруженный грабитель ушел без денег после нападения на банк в Москве

Гендиректор Московского зоопарка объяснила, почему шерсть панды Катюши розовеет

СМИ назвали главного фаворита на место тренера «Барселоны»

Музыкальные новости

В Росгвардии стартовал чемпионат по боксу "Кубок Победы"

Состоялась Байкальская театральная школа в Бурятии: Россия и Культура, Дети

В Москве пройдет заплыв «Кубок Чемпионов» от организаторов Swimcup. В старте, который пройдет в гребном канале «Москва», примут участие более 1000 пловцов

Россия, Культура, Дети: конкурс на новую эмблему обьявил Театр Ульгэр в Республике Бурятия

Новости России

В юго-восточной части Москвы мужчина с пистолетом ворвался в банк

В Подмосковье несколько лосей пересекали трассу строго по пешеходному переходу

На Бали появилась «New Москва»: в Индонезии обвинили россиян в колонизации райского острова

МОСКОВСКИЙ ФЕСТИВАЛЬ ПОД ФЛАГОМ РУССКИХ СУПЕРГЕРОЕВ.

Экология в России и мире

Где провести бизнес-встречу в Ростове-на-Дону?

Семьи со всего Уральского федерального округа приняли участие в конкурсе «Это у нас семейное»

Страдания юного Аюша Булчун

Кладезь полезных свойств: Кутушов рассказал о пользе шлемника байкальского

Спорт в России и мире

Первая ракетка Казахстана вышла в финал турнира WTA в Италии

Стало известно, при каком условии Медведев может опуститься на 5-е место рейтинга ATP

Соболенко вышла в финал турнира WTA-1000 в Риме, в двух сетах обыграв Коллинз

«Подача на победу на Уимблдоне». Гвардиола – о заключительном туре АПЛ

Moscow.media

Азербайджанский мигрант возмутился из-за того, что в Калининграде суд назначил 4,5 года лишения свободы за убийство в ДТП школьницы. Видео

Военные следователи провели рейд по бывшим мигрантам в Алуште

Разделение изотопа

Правоохранители проверили бывших мигрантов в Джанкое







Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *