Ким и Путин на средба во септември во Владивосток?
Рускиот претседател Владимир Путин би можел да се состане со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун во септември оваа година, објави новинаската агенција „Ројтерс“, повикувајќи се на руската „РИА новости“.
Според „РИА новости“, средбата би можела да се одржи во градот Владивосток, на истокот од Русија, но, како што се наведува, се разгледуваат и други локации за одржување на состанокот.