Во Србија протести поради скапите горива
В петок во повеќе српски градови ќе се одржат протести против зголемувањето на цените на горивото, со блокирање на патиштата по 17 часот, информираат белградските медиуми. Граѓаните се организирани преку Фејсбук, а според најавите на организаторите, во Белград ќе бидат блокирани главните сообраќајници. Организаторите на блокадата на социјалните мрежи објаснија дека бараат усвојување на три барања.
Главното барање на возачите е да се усвои нова цена на горивата која нема да го надмине износот од 110 динари за литар дизел (0,93 евра) и 120 динари за литар бензин (1,02 евра) и оваа цена да биде важечка за сите бензински пумпи во Србија.
Од почетокот на годинава, бензините во Србија се поскапени за 8,79 динари за литар, а дизелот за 11,30 динари.