Русија го осуди нападот врз Мадуро
Москва силно го осуди обидот за атентат врз претседателот на Венецуела Николас Мадуро и оцени дека тоа е чекор кон дестабилизација на ситуацијата во таа земја. Две експлозии одекнаа во саботата додека Мадуро зборувал на една воена церемонија што ја пренесуваше државната телевизија. Мадуро потоа изјави дека преживеал напад со дрон а за атентатот го обвини претседателот на Колумбија Хуан Сантос. Мадуро не бил повреден во нападот.