Во земјотресот во Индонезија над 140 загинати
Најмалку 142 лица загинаа, а стотици други беа повредени откако вчера земјотрес со 7 степени го погоди индонезискиот остров Ломбок. Властите соопштија дека земјотресот направил огромни штети на северот на островот и оти бројот на жртвите може да се зголеми, бидејќи спасувачите сè уште не стигнале до некои области. До ова дојде само по неколку дена откако уште еден земјотрес го погоди Ломбок, популарна индонезиска туристичка дестинација, при што загинаа најмалку 16 лица.