Во Грција сменети началниците на полицијата и на противпожарната служба
Во Грција биле сменети началниците на полициските сили и на пожарникарски бригади по кобните пожари на Атика во кои загинаа најмалку 90 луѓе. Функциите на тие две служби ги преземаат нивните заменици, соопштија од Кабинетот на премиерот Алексис Ципрас. Во соопштението пожарот во Мати не се споменува директно. Под притисок на јавноста во петокот оставка поднесе министерот за јавен ред Никос Тоскас.