Помпео: САД повторно ќе воведе санкции кон Иран
САД денеска планираат да го објаснат новиот пакет санкции против Иран со нови ограничувања. Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека САД „ќе ги спроведе санкциите“ кои повторно ќе бидат воведени откако претседателот Доналд Трамп се повлече од нуклеарниот договор од 2015 година, кој Иран го потпиша со шест светски сили.
Помпео, кој беше на пат кон Вашингтон откако присуствуваше на самит во Сингапур, рече дека Белата куќа ќе ги објасни санкциите во денешно соопштение.
Официјални претставници на САД изјавија дека како дел од санкциите, иранската Влада од 7 август нема да може да купува американски банкноти. Тие додадоа дека ќе бидат наметнати санкции кон индустријата на земјата, вклучително кон познатите персиски теписи.