Референдумска битка на социјалните мрежи
На социјалните мрежи во тек се кампањите за повик на граѓаните да излезат на референдум, но и за бојкот на гласањето. Според експертите, оние кои се за бојкот дејствуваат за земји кои не се членки на ЕУ и НАТО и работат во прилог на ВМРО-ДПМНЕ која потајно не сака референдумот да успее. Владата се уште официјално не ја започнала кампањата, што им оди во прилог на оние кои се за бојкот.