Американскиот сенатор Пол: САД треба да имаат повеќе дијалог со Русија
Истакнат американски сенатор, за време на посета во Москва, изјави дека САД треба да имаат повеќе дијалог со Русија и да ги одржуваат отворени комуникациските линии.
„Дел од моето патување тука и мојата цел да дојдам во Русија е да кажам дека треба да имаме дијалог“, изјави денеска републиканскиот сенатор Ренд Пол од Кентаки, кој е и член на Комитетот за надворешни работи на Сенатот.
Говорејќи на средба со членови на Комитетот за меѓународни прашања во Горниот дом на Парламентот, Советот Сенна федерацијата, пол рече дека Русија и САД се во „непосредна близина“ во многу жаришта низ светот, вклучително Сирија.
„Мислам дека ќе биде голема грешка да немаме отворени линии на комуникација“, рече Пол додавајќи: „Светот е комплицирано место.“
Американскиот претседател Доналд Трамп неколкупати повтори дека сака да ги подобри односите со Русија, кои се сериозно нарушени и на 16 јули во Хелсинки одржа самит со рускиот претседател Владимир Путин.
Претседателот на Комитетот за меѓународни односи Константин Косачов на средбата со Пол изјави дека напорите за поправање на врските се попречени од санкциите на САД кои ги воведе како одговор на руското мешање во Украина, нејзиното наводно мешање во изборите на САД во 2016 година и поради други акции.