Италија- двајца загинати и десетици повредени при судир на цистерни
Најмалку две лица загинаа, а околу 60 се повредени во експлозија и пожар до кои дојде по сообраќајна несреќа во близина на аеродромот во Болоња, соопшти италијанската полиција. Локалните медиуми јавуваат и дека меѓу повредените има и со тешки повреди. Според пишувањата до експлозијата и до пожарот дошло по судирот на цистерни со гориво и неколку автомобили. Делот од патот е уништен, а урнат е и надвозник. Полицијата претходно соопшти дека автопатот на кој се случи несреќата е затворен.