Ласовска избрана за претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница ја избра пратеничката Благица Ласовска за претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, а Тимчо Муцунски секретар за меѓународна соработка.
До изборот на нова претседателка на Унијата на жени, доаѓа по оставката на досегашното раководство поради несогласувања со политиката на партискиот лидер. Претходната претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, поднесе оставка пред месец и половина, зашто, како што соопшти, не може да биде дел од раководство кое ја изолира партијата. По неа оставка од функцијата генерален секретар на Унијата на жени поднесе и пратеничката Лилјана Затуроска, а веднаш потоа се повлече и претседателот на Унијата на млади сили, Лука Кржаловски.
До оставките дојде откако од партијата беа исклучени пратениците кои гласаа за почеток на постапката за уставни измени во согласност со Договорот од Преспа, но и други видни членови и поранешни функционери.