Мы в Telegram
Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer


Декабрь
2018

Новости за 13.12.2018

SlobodnaEvropa.mk 

Турција е подготвена за новата офанзива во Сирија

Турската Армија ги заврши подготовките за воената операција против силите на сириските Курди во областите источно од реката Еуфрат во северна Сирија, што вчера ја најави претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Како што јави телевизијата НТВ, топови и тенкови на Армијата со камиони денеска биле префрлени во реонот на градот Килис, кој се наоѓа на границата меѓу Турција и Сирија. Во градот биле прераспоредени и припадници на турските Вооружени сили од дриги реони на земјата. Ердоган вчера најави... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Груевски, амнестијата и „жолтите елеци“ на насловните страници

Медиумите објавуваат фотографи и снимки од порaнешниот премиер Груевски кој е во бегство во Унгарија. Пишуваат и за уставните измени, предлогот за амнестија за 27 април, протестот на ВМРО-ДПМНЕ. На насловните се и настаните во Франција.

SlobodnaEvropa.mk 

МОМИ со интимните дневници во Отворено графичко студио

НесТ е насловен најновиот проект на уметничката група МОМИ, што од 13 до 20 декември, ќе биде изложен во Отвореното графичко студио на Музејот на Град Скопје. Станува збор за интимен перформанс на седумте авторки, за концепт на гледање на „обичните“ работи од друга преспектива за 28 дена.

SlobodnaEvropa.mk 

Нема средба Трамп - Путин се додека Русија ги држи украинските бродови

Состанок меѓу американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин нема да има се додека Русија ги држи украинските бродови и екипажите кои ги заплени во близина на Крим, изјави денеска американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон. “Не гледам околности во блиска иднина дека би можело да дојде до одржување таков состанок се додека бродовите и екипажите не бидат ослободени”, рече Болтон. Руските сили на 25 ноември запленија три бродови на украинската морнарица со екипажи во Керченскиот Теснец... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Берлин: Формирањето војска на Косово да не се злоупотребува за ескалација на состојбата

Германија ја поддржува трансформацијата на Косовските безбедносни сили (ФСК) во војска на Косово, но повторува дека смета оти овој процес не треба да биде избрзан и треба да е сеопфатен, со вклучување и на немнозинските етнички заедници, јави дописникот на МИА од Приштина. Во писмена изјава до „Коха Диторе“ пред утрешното гласање во Собранието на Косово за трансформацијата на ФСК, Германската амбасада вели дека Берлин смета оти Косово треба да има своја војска, но оти процесот треба да се изведе внимателно. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Мета не го потпиша законот за буџет за 2019 година

Албанскиот претседател Илир Мета не го потпиша Законот за буџет за 2019 година и попладнево го врати до Собранието на повторно разгледување. Во образложението се наведува дека буџетот треба да обезбеди простор за исполнување на студентските барања. “Претседателот на Републиката, Илир Мета, следејќи ја внимателно најновата политичка ситуација во земјата, поздравувајќи го широкиот јавен консензус за барањата на студентите, кои од страна на сите политички субјекти ги сметаат за фер, легитимни и изводливи... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Макрон: Никогаш не би ја ставил Европа пред барањата на Французите

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека никогаш не би ја ставил Европа пред барањата на францускиот народ, а тоа го порача само неколку дена откако најави скапи мерки за да ги смири протестите поради зголемување на даноците, а кои ќе го зголемат буџетскиот дефицит на Франција. “Ниту една земја не може да напредува ако не го сослуша легитимниот гнев на својот народ, гнев кој се изразува секаде во Европа”, рече Макрон пред почетокот на самитот на ЕУ во Брисел. Францускиот претседател... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Меркел: Можни се „дополнителни гаранции", но без промена на договорот за Брегзит

Германскaта канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека водачите на ЕУ нема да го променат договорот со Велика Британија за Брегзит, туку дека би можеле да ги разгледаат "дополнителните гаранции". По пристигнувањето на самитот на ЕУ во Брисел, Меркел рече дека тоа е одлична вест дека британската премиерка Тереза Меј ја доби поддршката од нејзините пратеници на Конзервативната партија на гласање надвор од партијата за довербата во нејзиното раководство. Меркел предупреди дека не треба да има премногу компромис од ЕУ... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Акција на француската полиција во Стразбур

Француската полиција попладнево спроведува голема акција во стразбуршкиот кварт Нодорф, каде му се загуби трагата на извршителот на завчерашниот терористички напад во Стразбур, Шериф Шекат. Како што јави дописникот на МИА, во операцијата се ангажирани припадници на специјалните сили на полицијата, а на улиците се видливи голем број полициски возила, кои го блокираат сообраќајот. Вооружени полицајци со автоматско оружје вршат претреси по куќите. Според полициски извори, операцијате се спроведува како дел од истрагата. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Могерини пред Самитот на ЕУ: Ќе се разговара и за западен Балкан

Високата претставничка на Европска унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини пристигнувајќи на Самитот на ЕУ истакна дека покрај за Брегзит, ќе се разговара и за европската одбрана и безбедност, тензиите во Азовско Море, како и состојбата на Западен Балкан. “Очекувам дека Европскиот совет ќе ги потврди нашите силни ставови и барања Русија да ги ослободи украинските бродови и екипажот. Ќе ја потврдиме и нашата силна поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Турција основа државна вселенска агенција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска потпиша указ со кој се одобрува формирање на Вселенска агенција на Турција, која ќе биде финансирана од државниот буџет. Во декретот е посочено дека целите на Агенцијата вклучуваат развивање и спроведување на национална вселенска програма. Задачите на Агенцијата вклучуваат спроведување на вселенски мисии, со пилоти и беспилотни летови за трговски, научни и истражувачки цели. Една од целите на Агенцијата е да ја намали надворешната зависност на националната вселенска индустрија. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Коснет: Трансформацијата на Безбедносните сили во војска e историски ден за Косово

Амбасадорот на САД во Косово, Филип Коснет изјави дека утрешното гласање во косовскиот Парламент за трансформација на Безбедносните сили (ФСК) во војска на Косово претставува историски датум за земјата, јави дописникот на МИА од Приштина. Во објава на својот профил на Твитер, Коснет напиша дека САД го поддржуваат професионалниот развој и организациската трансформација на ФСК и порача дека по ова очекува косовските лидери да се фокусираат на продолжувањето на дијалогот со Србија. “Треба да има позитивна улога за Косово и за регионот... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Три лица уапсени по железничката несреќа во Турција

Турските власти денеска уапсија три лица, вработени во државната железничка агенција, а кои се сомничат за пропусти кои доведоа до железничката несреќа во Анкара. Трите лица се уапсени откако брз воз удри во локомотива за инспекција на пругата, а потоа во пешачки надвозник на станицата во Анкара, усмртувајќи најмалку девет лица и повредувајќи 46, од кои тројца се во критична состојба. Меѓу загинатите се и тројцата машиновозачи. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети темелна истрага и порача... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Каменос најави оставка пред Договорот од Преспа да стигне во грчкиот парламент

Коалицискиот партнер во грчката Влада, министер за одбрана и лидер на Независни Грци, Панос Каменос, нема да чека Договорот од Преспа да стигне во грчкиот Парламент, туку штом поминат и завршат процедурите во македонското Собрание, ќе си поднесе оставка и ќе се повлече од Владата, јави дописничката на МИА од Атина. „Ако продолжи и се изгласа Договорот од Преспа од страна на поранешната југословенска Република Македонија, јас ќе си дадам оставка од Министерството за национална одбрана, преземајќи ја целата тежина на оваа одговорност. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Ласовска избрана за претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница ја избра пратеничката Благица Ласовска за претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, а Тимчо Муцунски секретар за меѓународна соработка. До изборот на нова претседателка на Унијата на жени, доаѓа по оставката на досегашното раководство поради несогласувања со политиката на партискиот лидер. Претходната претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, поднесе оставка пред месец и половина, зашто, како што соопшти, не може... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Мијалков нуди гаранција од еден милион евра за да излезе од Шутка

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков понудил гаранција од еден милион евра за да излезе од притворот во Шутка, потврди неговиот адвокат Љупчо Шврговски. За понудената гаранција треба да одлучи судија за претходна постапка. На 20 ноември на Мијалков му беше определен притвор за предметот за прислушувањето „Таргет-Тврдина“. Специјалното јавно обвинителство по десетина дена побара да се укине тој притвор и побара нов за истрагата за „Империја“.

SlobodnaEvropa.mk 

Мицкоски – Не знам кој го вози Груевски во Будимпешта

Ниту знам кое е возилото, ниту знам кој е возачот на поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања. По доделување на наградите на најдобрите 100 компании од Стопанската комора на северозападна Македонија, Мицкоски ги упати новинарите директно да го прашаат Груевски во врска со неговата логистика во Будимпешта, користењето возило со личен шофер и посетувањето елитни ресторани. Тој рече дека досега немал никаква комуникација... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Тројца загинати и тројца повредени мигранти во сообраќајна несреќа во Грција

Нова сообраќајна несреќа, во која повторно животот го загубија мигранти, се случи рано утрово на автопатот „Егнатиа“ меѓу грчките градови Кавала и Ксанти во североисточниот дел на Грција, кога автомобил во кој се превезувале излетал од патот, се превртел и се запалил, јави дописничката на МИА од Атина. Според локалните медиуми, три лица загинале, тројца се повредени, а тројца останале неповредени. Најверојатно станува збор за нелегални мигранти. Сообраќајната несреќа, според локалните медиуми, се случила околу 6.30 часот... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Уставните измени влегуваат во последната фаза

Во финалниот текст на четирите амандмани за промена на Уставот, дополнителни измени по спроведените дебати се направени во два амандмани. Според Владата, сите амандмани произлегуваат од Преспанскиот договор. Упатените не очекуваат дополнителни амандмани за време на собраниската расправа.

SlobodnaEvropa.mk 

Папата Франциск во мај доаѓа во посета на Македонија

Владата денеска информира дека Папата Франциск на 7 мај ќе дојде во посета на Македонија. Тој ја прифатил македонската покана и „ќе оствари Апостолско патување во Република Македонија, на 7 мај 2019 година, при што ќе го посети градот Скопје – родниот град на света Мајка Тереза“, се наведува во владиното соопштение. Претходно, Папата Франциск ќе оствари Апостолско патување во Бугарија од 5 до 7 мај, каде ќе ги посети градовите Софија и Раковски.

SlobodnaEvropa.mk 

Од Нова година граѓаните ќе избираат снабдувач на струја

Во првата фаза на либерализацијата, дел од потрошувачите велат дека најверојатно ќе останат да се снабдуваат кај универзалниот снабдувач, но оти понатаму нивниот избор ќе зависи од активностите на конкуренцијата. Од Регулаторната комисија не очекуваат повисоки цени на струјата за домаќинствата.

SlobodnaEvropa.mk 

ВМРО-ДПМНЕ го зголемува притисокот врз власта

ВМРО-ДПМНЕ со помасовни и долготрајни протести може да изврши притисок врз власта и да издејствува исполнување на нивните барања, оценуваат аналитичари. Сепак, тие посочуваат оти некои од барањата се спорни. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека власта ќе ги прифати барањата ако и мисли добро на државата.

SlobodnaEvropa.mk 

Лазаревски – Беа прислушувани и братот и сопругата на Сашо Мијалков

Меѓу телефонските броеви што биле прислушувани во УБК имало два сензитивни таргети, едниот бил Влатко Мијалков – брат на Сашо Мијалков, а вториот Александра Мијалкова сопруга на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, рече денеска Ѓорѓи Лазаревски, кој е сведок на судењето против Мијалков за нелегалното прислушување. Лазаревски, кој исто така е поранешен вработен во УБК, е човекот што ги изнесе прислушуваните разговори од УБК, по што тогашниот шеф на опозицијата, а сега премиер, Зоран Заев, почна да ги објавува таканаречените бомби. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Русија протерува словачки дипломат како возвратна мерка

Русија прогласи еден словачки воен дипломат за персона нон грата, откако Братислава минатиот месец протера еден руски дипломат осомничен за шпионажа. Оценувајќи го словачкиот потег како „непријателски акт“, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска рече дека на словачкиот дипломат од амбасадата во Москва му биле дадени два дена да ја напушти државата. Претходно, словачката влада соопшти дека протерала вработен во канцеларијата на военото аташе во руската амбасада во Братислава... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Црногорските опозиционери на слобода

Опозицискиот пратеник од Демократскиот фронт, Небојша Медојевиќ во текот на ноќта го напушти затворот, во кој се наоѓаше од 1 декември, а неговиот сопартиец, пратеникот Милан Кнежевиќ синоќа излезе од заградата на црногорското Собрание, каде помина речиси две недели, со цел да избегне апсење. Уставниот суд на Црна Гора вчера времено ги повлече одлуките на Апелацискиот и на Вишиот суд за затворање на двајцата опозициски лидери. По одлуката на Уставниот суд, членот на ДФ, Андрија Мандиќ истакна дека се исплатела борбата против власта... Читать дальше...


Выставку «Россия» посетили уже более 13 миллионов гостей

В Москве состоялась премьера спектакля "Я люблю тебя, папа"

"Красные линии" в сторону: Москва ответит Западу зеркально по ядерной угрозе - Рябков

В корпусе № 2 ЖК «Облака 2.0» началась выдача ключей от квартир



Новости 24/7 DirectAdvert - доход для вашего сайта



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России



Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city

Выставку «Россия» посетили уже более 13 миллионов гостей

В России появились новые Kia Picanto от 1,7 млн рублей

Собянин рассказал о мерах поддержки предпринимательства в Москве

На Юбилейной площади Пензы расстелили зеленый газон

Музыкальные новости

Патриотическую акцию «Синий платочек» провели в Нижнем Новгороде в день прибытия «Поезда Победы»

Новые городские проекты в сотрудничестве с парком Юрия Лужкова готовит Фонд Юрия Лужкова

Обращение Аршака Карапетяна к соотечественникам

Инсайдер Карпов: "Спартак" выкупил Станковича у "Ференцвароша" за €200 тыс

Новости России

Выставку «Россия» посетили уже более 13 миллионов гостей

Путин: Калужская область готова развивать сотрудничество с КНР в автосфере

В МИД Германии сообщили о возвращении посла Ламбсдорфа в Москву

"Красные линии" в сторону: Москва ответит Западу зеркально по ядерной угрозе - Рябков

Экология в России и мире

Участники Всероссийской олимпиады школьников по математике выбрали Marins Park Hotel Нижний Новгород

Семьи со всего Уральского федерального округа приняли участие в конкурсе «Это у нас семейное»

10 полезных продуктов для сердца

Страдания юного Аюша Булчун

Спорт в России и мире

Первая ракетка Казахстана вышла в финал турнира WTA в Италии

Теннисист Медведев может потерять свое место в рейтинге ATP

Свёнтек прошла в полуфинал турнира WTA-1000 в Риме

Стало известно, при каком условии Медведев может опуститься на 5-е место рейтинга ATP

Moscow.media

Игровые клавиатуры Bloody S515R, B825R: механические свитчи и подставка под запястья

Краски севера V

Более 1 млн проездов по трассе М-12 Восток совершили автомобилисты в майские праздники

Фикс-тариф будет доступен всем пользователям BelkaCar







Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *