Рот: Промена на границата на Косово ќе го дестабилизира регионот
Во интервју за Дојче веле на албански јазик, Рот вели дека од Албанија се очекува да го искористи своето влијание и да спречи дестабилизација.
“Територијалниот интегритет на Западен Балкан за нас е многу важен. Обидите за менување на границите во минатото предизвикаа бескрајно страдање. Затоа, мислам дека таквите размислувања не само што не ветуваат многу успех, туку се и крајно опасни”, изјави Рот.
Тој нагласи дека е потребен „сеопфатен договор кој конечно ќе ги уреди односите и ќе овозможи Србија и Косово да станат членки на ЕУ и да се решат сите отворени технички прашања“.