Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer


Февраль
2019

Новости за 07.02.2019

SlobodnaEvropa.mk 

Рангирани најдобрите кандидати за антикорупционери

Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Билјана Ивановска, Горан Трпеноски и Шемши Салаи се седумте прворангирани кандидати за членови во Државната комисија за спречување корупција. На страницата на Собранието на Република Македонија вечерва е објавена ранг листата со бодовите на 56-те кандидати. Во комисијата предвидено е да има седум члена, а утре на дневен ред на собраниската комисија за избори и именувања е "утврдување на предлог - листата за именување... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Тачи добил поддршка во САД за постигнување конечен договор со Србија

Претседателот на Косово Хашим Тачи, кој престојува во Вашингтон за Молитвениот појадок во организација на американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти дека се сретнал со државниот секретар на САД, Мајк Помпео и со претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси и дека од двајцата добил поддршка за постигнување договор со Србија. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Тачи информацијата ја соопшти преку својот профил на Фејсбук, каде што објави и фотографии од средбите со Помпео и Пелоси. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

„Јавачи на коњи“ победник на филмски фестивал во Непал

Македонскиот независен филм „Јавачи на коњи“ е победник на Yala International Film festival, што се одржа минатата недела во Непал, Јужна Азија. Станува збор за социјална драма работена по сценарио на Никола Кузелов, а во режија на Марјан Гавриловски.

SlobodnaEvropa.mk 

Медиуми - НАТО и виновникот за бегството на Груевски

Потпишувањето на протоколот за членство во НАТО е топ тема во медиумите. Тие ги пренесуваат пораките од Брисел и честитките и забелешките од политичарите. Ја пренесуваат и веста дека ОЈО не нашло виновник за бегството на Груевски.

SlobodnaEvropa.mk 

Иванов од Истанбул со говор за популизмот во светот

Протестите се израз на криза на лидерството насекаде во светот. Ова го потврдуваат и статистиките, истакнал денеска претседателот Ѓорге Иванов во обраќање на претседателската сесија на 22. Евроазски економски самит, што се одржува во Истанбул. На претседателската сесија се дебатираше на темата „Популизам: оживување на нови концепти во светот поради слабеење на либералната демократија. Дали популизмот и расизмот се причина за почеток на нови конфликти?“ “Иванов говореше за суштината, мотивите... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Протоколот за членство во НАТО доби зелено светло комисијата во грчкиот парламент

Како што произлегува од расправата и од ставовите на членовите на Комисијата, нацрт законот од Министерството за надворешни работи „Ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристап на Република Северна Македонија“, е прифатен првично, во целост и од мнозинството, рече претседателот на Комисијата за национална безбедност и надворешни прашања на грчкиот Парламент, Константинос Дузинас, на крајот од пет и пол часовната расправа, јави дописничката на МИА од Атина. Откако надлежната Комисија даде зелено светло... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Москва не разбира од каква закана НАТО ќе ја штити Македонија

Зачленувањето на Република Македонија во НАТО може да биде причина земјата да не може да води независна надворешна политика, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. “Сигурно ќе мора да се плати за заштитата од страна на НАТО. Веќе знам која е цената за тоа. Ќе треба да се плаќа како поради зголемувањето на трошоците за одбрана, за учество во воени подготовки, операции, кои се далеку од интересите на македонскиот народ, исто така и за губење на... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Рот: Промена на границата на Косово ќе го дестабилизира регионот

Германскиот министер за Европа, Михаел Рот повтори дека Германија е против решавање на спорот помеѓу Србија и Косово со менување на границата. Според него, тоа би било крајно опасно и ќе го дестабилизира регионот. Во интервју за Дојче веле на албански јазик, Рот вели дека од Албанија се очекува да го искористи своето влијание и да спречи дестабилизација. “Територијалниот интегритет на Западен Балкан за нас е многу важен. Обидите за менување на границите во минатото предизвикаа бескрајно страдање. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

НАТО ќе користи “македонски јазик” по целосното спроведување на Договорот од Преспа

НАТО ќе може да го користи терминот „македонски јазик“ откако ќе завршат сите процедури поврзани за Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Брисел повикувајќи се на високи извори во Алијансата. Дел од јавноста во Македонија вчера реагираше што за првпат, за време на церемонијата на потпишување на пристапниот протокол за НАТО, Алијансата не го искористи зборот „македонски јазик“ на својата веб страница, и покрај тоа што секогаш досега го користела, туку кај името на јазикот стоеше македонското знаме. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Порошенко: Македонија го уништи планот на Русија да и го блокира патот кон НАТО

Актуелниот украински претседател Петро Порошенко, кој од денеска е и официјално кандидат за претстојните претседателски избори, изјави дека „Русија се обиде да го блокира влезот на Република Северна Македонија во НАТО, но Македонија тоа го надмина покажувајќи единство“. “Патот на Република Северна Македонија беше многу тежок, но земјата покажа единство и ги уништи плановите на Русија, која се обидуваше да го оневозможи тој важен чекор кон јакнење на безбедноста на Европа. И вратата на НАТО е отворена за 30-та членка”, истакна Порошенко. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Амбасадорот на САД во Приштина со критики за косовската влада

Американскиот амбасадор во Косово Филип Коснет ја критикуваше тамошната влада за ангажирањето како советник на премиерот на поранешен командант во косовската ослободителна армија, осуден за воени злосторства. На својот профил на социјалната мрежа Твитер Коснет напиша дека нема место во косовската влада за осудените за воени злосторства. Сулејман Селими, кој е ангажиран како советник на премиерот, беше осуден на седум години во затвор за воени злосторства извршени за време на косовската војна во 1998/1999 година. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Јавното обвинителство ќе бара од Собранието автентично толкување за СЈО

Стручниот колегиум на Јавното обвинителство на Република Македонија на денешниот проширен состанок одлучил дека начелно-правното мислење на Врховен суд за предметите на Специјалното јавно мислење ја нарушува законитоста и ќе поднесе барање за давање автентично толкување на членот 22 од Законот за СЈО. Ова го соопшти државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, денеска на прес конференцијата веднаш по завршување на состанокот. Кривичниот суд Скопје завчера побара од државниот јавен обвинител Љубомир... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

СДСМ најавува одлука за предвремени избори наскоро

Пратеникот од СДСМ Александар Кирацовски денеска во одговор на новинарско прашање за можноста за предвремени парламентарни избори кои би се одржале заедно со претседателските, рече дека “државните интереси за Социјалдемократскиот сојуз се секогаш пред партиските и дека одлуката којашто наскоро ќе биде донесена ќе биде во интерес на граѓаните”. „На Социјалдемократскиот сојуз на Македонија му одговара да излезе на предвремени парламентарни избори, да добие нов четири годишен мандат. Но, многу позначајно... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Меркел: Можно е решение без повторно отворање на договорот за Брегзит

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека решение со Обединетото Кралство за уредно излегување од Европската унија е возможно без повторно преговарање за постоечкиот договор за Брегзит. “Мислам дека можеме да најдеме решенија без повторно отворање на договорот за повлекување. Тоа не е на агендата за нас", изјави Меркел. Германската канцеларка зборуваше во Братислава, додека британската премиерка Тереза Мај пак денеска разговара со лидерите на Европската унија во Брисел, во обид повторно да го отвори договорот за Брегзит... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Захариева: Процесот на евроинтеграција е неповратен за Западен Балкан

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева изјави дека по бугарското претседавање со ЕУ, процесот на европска интеграција на Западниот Балкан е неповратен. “Западен Балкан веќе учествува на состаноците на ЕУ на високо ниво, во рамки на работните групи, како и во текот на важни дебати, како што е таа за иднината на Европа. Фокусот на нашите заеднички напори треба да биде на изградба на административни капацитети и само на тој начин земјите од регионот ќе бидат во можност оптимално да ги искористат фондовите на ЕУ... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Столтенберг: Русија се обиде да влијае на одлуката на балканските земји за НАТО

По потпишувањето на Протоколот на Македонија со НАТО, во интервју за Еуроњуз, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, предупреди на руско мешање кај балканските земји. „Русија се обидува да се вмеша, Русија се обидува да се вплетка во политичките процеси во суверените земји“, рече Столтенберг, додавајќи дека мисли оти тоа е погрешно. Рече дека поголем дел од политичките партии во парламентот во Скопје одлучиле дека сакаат земјата да пристапи во сојузот и одлуката е поздравена. „НАТО ја почитува одлуката на независните... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

АХВ: Во јагоди од Србија и во „зеолит“ пронајдено олово, а во марула и спанаќ кадмиум

Во една мостра замрзнати јагоди по потекло од Србија и во производот „зеолит“, што се продава како додаток за исхрана, е утврдено зголемено присуство на олово, покажуваат лабораториските тестирања спроведени минатата година. Како што соопшти АХВ, небезбедните јагоди се уништени во депонијата Дрисла. Лани биле земени и лабораториски испитани 954 мостри од храна и материјали што доаѓаат во контакт со храната. За утврдување присуство на тешки метали, лабораториски биле тестирани 66 мостри, од кои четири биле позитивни. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Кривичниот суд го одби барањето на Мијалков

Кривичниот суд го одби барањето на одбраната на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков да биде ослободен од гонење за судскиот процес "Тортура". Тој преку адвокатите се повика на мислењето на Врховен и побара судијата да донесе одбивателна пресуда односно да биде ослободен од гонење, со образложение дека рокот за подигнување на ова обвинение бил надминат за 20 дена.  Судијката го одби предлогот на Мијалков и продолжи со сослушување сведоци. Според неа мислењето на Врховен не е обврзувачко... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Почна расправата на Комисијата за надворешни работи во грчкиот Парламент

Комисијата за национална одбрана и надворешни работи на грчкиот Парламент ја започна седницата на која се разгледува нацрт-законот за „Ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристап на Република Северна Македонија“, јави дописничката на МИА од Атина. Според претседателот на Комисијата, Константинос Дузинас, денешниот состанок на некој начин е втор дел, продолжување на расправата од пред 10 дена кога дискутираа за ратификација на договорот и додаде дека позициите на пратениците се веќе познати. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Шекеринска: Течат консултациите за претседателски кандидат на СДСМ

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на новинарско прашање во врска со политичките случувања за претседателските избори и ставот на СДСМ за нивниот кандидат денеска изјави дека процедурите и роковите се познати, а одлуката СДСМ ќе ја донесе на 3-ти март на конгрес. “Во меѓувреме течат дискусии, консултации и анализи, а сега сме фокусирани на главните државни прашања”, изјави Шекеринска. Во однос на изјавата на претседателот на ДУИ Али Ахмети дека нема да го поддржи кандидатот на СДСМ, Шекеринска... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Мицотакис: Ќе победиме на парламентарните избори

Лидерот на опозициската Нова Демократија, Кириjакос Мицотакис е убеден дека неговата партија ќе победи на парламентарните избори кои би требало да се одржат на есен, пренесе грчката новинска агенција „АНА-МПА“. Тој додаде дека постои можност изборите за грчкиот парламент да се совпаднат со изборите за Европскиот парламент кои ќе се одржат во мај. Мицотакис истакна дека со Грција управува чудна коалиција на крајно десничарската и левичарската партија. „Тоа е коалиција на популисти што и донесе штета на земјата... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Тачи: Протоколот за Македонија во НАТО носи мир и безбедност во регионот

Претседателот на Косово Хашим Тачи го поздрави вчерашното потпишување на Протоколот за пристапување на Македонија кон НАТО, оценувајќи го како „победа на западните вредности и напредок на регионот кон евроатланските интеграции“, јави дописникот на МИА од Приштина. “Му честитам на целиот политички спектар во Северна Македонија за ова постигнување, кое несомнено ќе донесе повеќе мир, стабилност и безбедност во нашиот регион. Додека, пак, сеопфатниот договор меѓу Косово и Србија ќе биде следниот чекор... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Талибанците и Авганистанците задоволни од дводневните преговори во Москва

Претставниците на Tалибанците и авганистанската делегација предводена од поранешниот претседател Хамид Карзаи соопштија дека по дводневните преговори во Русија ќе го продолжат својот "внатрешно-авганистански" дијалог во Катар што е можно поскоро. Во заедничко соопштение двете страни соопштија дека се согласиле повторно да се состанат во Доха, главниот град на Катар, каде што Талибанците имаат канцеларија. Состанокот во Москва се смета за еден вид пошироки мировни разговори во кои учествуваат претставници... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Чавушоглу: Потребна е координација за да се победи ИД во Сирија

Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу изјави дека е потребна координација за да се победи Исламската држава во Сирија. Во неговото обраќање во Вашингтон на состанокот со претставниците од Коалицијата во борба против ИД, во која учествуваат 79 држави, Чавушоглу порача дека елиминирањето на терористичката група ИД и повлекувањето на американските сили од тој регион би требало да се спроведат координирано. Тој ги повика другите земји да ги направат потребните напори за да го спречат повторното... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе имаат ли разрешница истрагите на СЈО?

По правното мислење на Врховниот суд за истрагите на СЈО, најважно, според упатените, е предметите да добијат разрешница и оние кои извршиле кривични дела да завршат на суд, без разлика дали СЈО или Јавното обвинителство ќе постапува по нив.




Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *