Обвинителството бара притвор за осомничените за трговија со оружје
Тие се товарат за сторено кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки
материи од член 396 од Кривичниот законик.
Осомничените во текот на октомври 2018 година ја создале криминалната група, што на територијата на државата неовластено изработувала, држела, продавала и посредувала во трговија со огнено оружјеи муниција во поголемо количество.