Ердоган ги критикува САД за Сирија
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган на денешниот митинг во провинцијата Бурдур рече дека Вашингтон одбива да и продаде оружје на Анкара, а во исто време бесплатно ги вооружува терористите. Какво е тоа сојузништво и партнерство во рамките на НАТО, изјави Ердоган. Како што јави турската новинска агенција Анадолија, Ердоган наведе дека решавањето на сирискиот конфликт е прашање кое не ја засега само Сирија, туку и Турција. „За прашањата што ги засегаат интересите на нашата земја ние сме подготвени на сè што е неопходно“... Читать дальше...