ЕУ и поранешните советски републики ќе го продолжaт партнерството
![ЕУ и поранешните советски републики ќе го продолжaт партнерството](https://gdb.rferl.org/14E31EF7-D31F-4567-97FF-03D1B65E62D3_w800_h450.jpg)
Министрите за надворешни работи на Европската унија и шесте поранешни советски републики ќе се состанат следниот месец за да го поддржат продолжувањето на програмата за Источно партнерство. Програмата има за цел да ги охрабри Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Молдавија и Украина да преземат реформи, во замена за поблиски односи и економски придобивки.
Министрите за надворешни работи ветија "да ја продоолжат програмата за Источно партнерство по 2020 година". До ова треба да дојде за време на состанокот во Брисел на 13-ти мај, кој ќе се совпаѓа со десетгодишнината од партнерството.